Достапни линкови

Не би било лошо ДУИ и ДПА да бидат заедно во коалиција, оценува професорот Назми Малиќи


Продолжуваат средбите на мандатарот Груевски со лидерите на ДПА и ДУИ Мендух Тачи и Али Ахмети околу идното коалицирање во новата влада. Нема прецизни сатници, а уште подалеку од јавноста се држат насоките кои ќе бидат следени во преговарањето. Во ВМРО ДПМНЕ само ги повторуваат досегашните принципи со кои ќе продолжат да ги водат овие преговори. Останува базичниот принцип кој се однесува на прифатливоста на програмата во сто чекори на мнозинската партија ВМРО ДПМНЕ и можностите за нејзина реализација од страна на потенцијалните коалициони партнери.

Во ДУИ и ДПА се зацврстува затвореноста околу изнесување детали во врска со идните позиции во преговарањето. Последните позиции со кои излезе ДУИ е дека не доаѓа предвид заедничко коалицирање во владата, доколку дел од неа стане и ДПА. Лидерот на ДПА Мендух Тачи најави формирање комисии од двете политички партии кои како што рече ќе ги операционализираат несогласувањата или согласувањата во врска со формирањето на владата. Евентуалното формирање работни групи за ДУИ има смисла дури тогаш кога лидерите ќе ги зацртаат политичките цели и платформа на заедничкото коалицирање и дури тогаш кога ќе биде донесена одлуката која партија влегува во власта.

На овие групи најверојатно би им се оставило и прецизирањето на барањата околу мајскиот договор и некои други технички детали. Она што во овој момент гледаат експертите во духот на преговорите на двете партии од албанскиот блок за влез во владата е неопходноста од хармонизација и пеглање на разликите од периодот на предизборната кампања:

„Не би било ништо лошо и двете партии да бидат заедно во коалиција. Со заедничка програма на нивно помирување да настапат во коалиционата влада. Вака, со толку разлики, обвинувања не верувам дека ќе биде среќна влада, ако двете партии се во иста коалиција,“

вели професорот Назми Малиќи, според кого, основниот патоказ при формирањето на идната коалиција треба да бидат стандардите што се очекува да бидат исполнети во насока на добивање преговори за членство во ЕУ.

„Политиката ќе биде успешна ако преку овие стандарди се зближат и ВМРО ДПМНЕ, ДУИ и ДПА. Се што ќе оди надвор од понудената програма на ЕУ, и понудените препораки од НАТО и другиот дел од меѓународната заедница, мислам дека ќе одиме во погрешна насока,“

вели Малиќи.
XS
SM
MD
LG