Достапни линкови

Сериозна опасност за слободата на говорот, велат новинарите


Здружението на новинари ја осудува изјавата на премиерот Никола Груевски дадена викендов во интервју за новинската агенција МИА во која тој вели дека новинарите дописници од Брисел изнеле невистини околу заклучоците од самитот на ЕУ за Македонија и околу неговата средба со грчкиот премиер Костас Караманлис. Груевски во интервјуто за МИА уште и посочува дека новинарите шпекулирале на штета и против интересите на сопствената држава. Претседателот на Здружението на новинари Роберт Поповски со загриженост дека изјавата на премиерот претставува своевиден притисок врз слободното новинарство:

,,Сметам дека тоа може да претставува сериозна опасност за слободата на говорот во една земја, особено ако мандатарот за состав на новата влада и досегашен и актуелен премиер има таков став кон известувачите од Брисел и кон редакциите кои што сето тоа го пласирале.“

Изјавува Поповски.
Со реакција на осуда на изјавата на Груевски и подршка за новинарите и релевантноста на нивните информации, и во медиумите кои имаат свои дописници во Брисел. Главните и одговорни уредници на телевизиите А1 и Канал 5, Младен Чадиковски и Ацо Кабранов изјавуваат:

„Сметам дека оценките изнесени во тоа интервју беа во некоја рака паушални и немаа некоја основа.“

,,Тоа е само почеток на ,,постројување“ и на новинарите. Тој на некој начин медиумите успеа да ги земе под своја ,,капа„ е сега тој тргнува, нели во секој медиум има и условно кажано ,,непослушни“ новинари, па сега тој тргна и со расчистување на таквите.“


истакнуваат Чадиковски и Кабранов. Осуда на изјавата од Груевски и од двата печатени медиуми ,,Дневник“ и „Утрински Весник“ кои преку свои дописници од Брисел ја информираат македонската јавност за пораките од ЕУ и НАТО. Главниот и одговорен уредник во Дневник, Сашо Кокаланов вели:

,,Дали и какви докази има премиерот за да ја поткрепи својата изјава дека македонските бриселски дописнички имале дополнителна мотивација од јужниот сосед за да шпекулираат против својата земја.“

Во спротивно, вели Кокаланов од него очекуваме јавно извинување. Во ,,Утрински весник„ пак истакнуваат дека ваква изјава не е запаметена од ниту еден премиер во изминатите 17 години независност на Македонија:

„Премиерот поважно му е да нема информации од Брисел, отколку јавноста да биде информирана.“

посочува Љупчо Поповски главен и одговорен уредник на ,,Утрински весник“.
XS
SM
MD
LG