Достапни линкови

Само покана за членство во НАТО и ЕУ би и помогнале на берзата, смета аналитичарот Крсте Шајноски


Изборите не направија некои поголеми промени во тргувањето со хартиите од вредност, велат од македонската берза. Некои брокери исто така истакнуваат дека изборите нема да имаат некое поголемо значење за берзата. Според Крсте Шајновски директор на брокерското друштво Еуро брокер, Македонската берза веке одреден период бележи пад,причините се отворените политички прашања.

„Таквата корекција пред се се должи на проблемите и отворените политички прашања во делот на политиката, кои негативно се одразуваат врз инвеститорите, а со тоа и на цените на акциите. Подолг период имаме намалување на вредноста на македонскиот берзански индекс, но имаме и намалување на инвестиционата активност.“

вели Шајновски и додава дека по завршувањето на изборите не се очекува стабилизирање на берзата.

„Може да зборуваме за стабилизирање доколку на повидок имаме решение за името и решение што значи покана за влез во НАТО и ЕУ. Се друго мислам дека нема многу да влијае позитивно врз цените на акциите.“

Наспроти пак неговот мислење,деканот на економскиот факултет на Државниот Универзитет во Тетово Петрит Положани,вели дека изборите позитивно ке се одразат врз берзата бидејки како што изјави тој,Изборите беа релативно успешни.

„Секоја случка во економијата делува и во политиката, и обратно. Мислам дека берзата по изборите ќе се стабилизира,“

рече Положани и додаде

„Во периодот меѓу изборите кога тие не беа успешни на одредена територија имаше намалување, претходно беше постабилна, а сега ќе биде уште постабилна.“

Инаку вчера македонскиот берзански индекс и македонскиот индекс на јавно поседувани друштва забележаа пад од 1,28 проценти,односно 1,08 додека од почетокот на годината овие идекси се намалија за околу 30 проценти.
XS
SM
MD
LG