„Словенија и Европската унија со големо внимание ги следеa предвремените парламентарни избори во Македонија, кои би можеле да претставуваат одредено запирање на евроинтегративните процеси во државата,“
изјави денеска во Скопје словенечкиот министер за надворешни работи Димитриј Рупел по средбата со шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски.
Честитајќи му го позитивниот исход од изборите на Милошоски и на ВМРО-ДПМНЕ, Рупел рече дека тоа ќе и овозможи на Владата во иднина да продолжи со започнатите реформите во евроинтегративните процеси.
„Република Македонија е важен дел од Балканот, таа е сидро на стабилност и е пример за мултиетнички соживот,”
истакна Рупел, додавајќи дека и во НАТО и во ЕУ се настојува уште повеќе да се зацврсти Македонија поради што е многу значајно таа што побргу да ги исполни осумте услови за отпочнување преговори за датум за влез во Унијата. Шефот на словенечката дипломатија во Скопје доаѓа од Атина каде, како што рече со грчките колеги разговарал и околу спорот со името.
„Уверен сум дека постојат можности тие пречки да се отстранат, но ќе треба многу да се работи за да се дојде до тоа”,
додаде тој. Рупел истакна дека откако Словенија го презела претседателството на ЕУ, знаеле дека ќе биде многу тешко Македонија да добие датум за преговори во текот на нивниот мандат, но, како што додава:
„Направивме се за тој миг добро да се подготви“.
Ќе биде успех ако добиете датум за преговори до крајот на оваа година за време на француското водење со Унијата, рече тој. Министерот Антонио Милошоски рече дека актуелната Владата ја доби довербата на граѓаните и нагласи дека ќе продолжи да ги води реформите кои ги започна.
„Владата е посветена максимално на исполнувањето на осумте одредници кои ги добивме од еверокомесарот за проширување Оли Рен во март годинава и тоа ќе биде нашиот приоритет во работењето,“
додаде тој. Говорејќи за прегласувањето закажано за в недела Милошоски рече дека се направени сите потребни услови за корекција на одредени неправилности кои се случија на изборите на 1 јуни.
„Подготвени сме в недела на оние 6,5 проценти од избирачките места на кои ќе има прегласување да ги обезбедиме сите потребни услови за корекција на одредени неправилности кои беа предизвикани од мала група на луѓе на изборите на 1 јуни за да покажеме дека во Македонија има демократскиот капацитет со што ќе го потврдиме имиџот на земјата како кандидат за членство во ЕУ”,
истакна шефот на македонската дипломатија. Според него, исполнувањето на осумте одредници заедно со започнатите реформи се најдобрата гаранција за Република Македонија да ја увери Европската комисија дека е подготвена да добие препорака за датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ.
„Добивањето на датум за преговори за членство со ЕУ нема да биде само призанание за постигнатите резултати, туку и движечки мотор на целото македонско општество со зголемени напори да ги продолжи реформите кои веќе се започнати и кои даваат голема полза во развојот на нашата држава”,
рече Милошоски. Рупел оствари средба и со претседателот на Македонија Бранко Црвенковски и со премиерот Никола Груевски, како и со министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и лидерите на партиите на Албанците. Претседателот Црвенковски се заблагодари на поддршката што Република Словенија континуирано и како претседавач со ЕУ и ја дава на нашава земја. Во соопштението на Кабинетот на Претседател се вели дека Црвенковски изразил надеж дека од инцидентите и нерегуларностите од предвремените парламентарни избори, одржани на 1 јуни, извлекоа поука и институциите и политичките партии и дека прегласувањето в недела ќе се одвива во согласност со демократските стандарди, а со што ќе бидат поправени неповолните оценки. Црвенковски рекол дека треба да се направисе за да се решиме грчко-македонскиот спор во што е можно покус временски период и во согласност со нашите национални и државни интереси.