Достапни линкови

Албанските партии велат дека најважно им е прегласувањето, а потоа ќе размислуваат за коалиции


Во партиите од албанскиот политички блок велат дека најпрво ќе го почекаат исходот од резултатите од прегласувањето в недела на 15-ти јуни, па потоа ќе размисуваат за своето учество во Владата и за натамошната реакција доколку не станат дел од власта. Ермира Мехмети од ДУИ вели:

,,Ние во овие денови сме преокупирано единствено со тоа како да се охрабрат граѓаните да излезат на гласање и притоа да не се чувствуваат загрозени или уценети. Како понатаму ќе течат работите би оставиле натаму да коментираме.“

Во ДПА пак несакаат да зборуваат за ова прашање. И таму посочуваат дека прво ќе почекаат на резултатите од прегласувањето, па потоа ќе размислуваат за коалиционото сојузништво. Премиерот Никола Груевски по изборните инциденти на 1 јуни посочи дека нема да коалицира со партнер кој нема легитимитет. Најважно е денот на повторното гласање да помине во најдобар ред, вели владиниот портпарол Ивица Боцевски:

,,Овие разговори за формирање коалиции, формирање Влада итн. ќе ги завршиме откако ќе биде позната вољата на секој македонски граѓанин.“

Премиерот Груевски има аранжмани со двете партии од албанскиот блок, преку нивните барања преточени во мајскиот односно мартовскиот договор, што го обврзува на коалиција со некоја од албанските партии, коментират пак експертите. Професорот од Универзитетот на Југоисточна Европа Јетон Шасивари смета дека овие договори ќе бидат основа за идното формирање на коалиционата влада:

„Од овој аспект може премиерот да им понуди на двата субјекта да бидат дел од владата и да се впушти во т.н. ,,пазарање“ со оној субјект кој што ќе го спушти нивото на барањата и тој субјект да го прифати како владин партнер.“

Како и да е, како што посочува Шасивари, реакциите од оној политички субјект кој нема да биде избран како партнер се очекувани:

,,И во таа конотација значи може да се појават тензии, во смисла на неисполнување на спогодбата со оној субјект што нема да биде опфатен со владината коалиција.“

Вели професор Шасивари. Тој потенцира дека коалиција ВМРО ДПМНЕ – ДПА е поприроден сојуз бидјеќи станува збор за десничарски партии, но смета дека ниту коалиција на ВМРО ДПМНЕ со ДУИ која е левичарска партија, не би требало да биде проблем бидејќи е можно да се состави владина агенда како основа за работењето во текот на мандатот.
XS
SM
MD
LG