Достапни линкови

На 15 јуни ќе се формира привремено српско собрание на Косово


Привременото Српско Собрание на Косово ќе биде формирано на петнаесетти јуни. Тоа, според иницијаторите, ќе биде одговор на најавеното прогласување на Уставот на Косово. Од УНМИК велат дека Собранието ќе биде нелегитимно.

Претставниците на српските партии на Косово донесоа одлука за формирање привремено српско Собрание на Косово. Претставникот на Српската радикална партија Љубомир Краговиќ дека за тоа веќе била добиена согласност од раководствата на своите партии, со забелешка дека се чека уште одобрувањето од централите на Демократската партија, Социјалистичката партија и Г седумнаесет плус.

„Конституирањето на ова собрание во почетокот ќе биде одговор на српскиот народ на независноста на Косово и на најавата за прогласување на косовскиот устав. Привременото Собрание нема да функционира се додека владата и парламентот на Србија не донесат инструкции како да се однесуваме во иднина. Ние сме загрозени и привременото собрание треба да ни помогне да се заштитиме.“

Изјави Краговиќ, додавајќи дека сега очекуваат од Белград за три до шест месеци да распишат покраински избори. Собранието ќе има четириесет и пет делегати од кои четириесет и тројца ќе бидат избирани од редовите на одборниците на косовските општини,а две места се резервирани за бошњаците и ромите. Најавата за привременото собрание следуваше откако беше конституирано новото општинско раководство на Косовска Митровица предводено од Српската радикална партија и Демократската партија на Србија. Портпаролот на УНМИК во Приштина Алекснадар Иванко повтори дека српските локални избори се нелегални за УНМИК и оти нивните резултати немаат законска основа на Косово:

„Нашата позиција е дека не ги сметаме за легални. Легални претставници се оние што се именувани од специјалниот претставник на Генералниот секретар и нивниот мандат истекува на осумнаесетти јуни. Тогаш специјалниот претставник ќе реши што да прави со таквите институции.“

Изјави Иванко кој повтори дека не станува збор за некаква употреба на сила во каква и да е форма, туку дека УНМИК и другите меѓународни мисии нема да соработуваат со најавените српски институции на Косово.
XS
SM
MD
LG