Достапни линкови

Кој не е задоволен од одлуката може да се жали до Врховниот суд


Поради неправислности, Државната изборна комија го поништи гласањето на уште 68 избирачки места во изборните единици еден, два и шест. Комисијата врз основа на приговорите од Демократската партија на Албанците го поништи гласањето на 13 избирачки места, а врз основа на приговорите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, поништено е гласањето во 48 избирачки места. Во текот на денешната седница ДИК ги разгледува приговорите поднесени од ДУИ, а остануваат за разгледување приговорите поднесени од коалицијата Сонце и партијата ТМРО.

„Доколку некој од подносителите на приговори не е задоволен од одлуката на ДИК во тој случај има право на жалба до Врховниот суд. Тој има на располагање 48 часа за решение и тоа е конечно по кое мора да се постапува,“

изјави Зоран Таневски, портпарол на ДИК

Претставниците на Демократската партија на Албанците вчера ја напуштија седницата на Државната изборна комисија, незадоволни од како што изјавија пристрасната работа на комисијата. Од ДПА денеска не сакаа да коментираат.
Од Демократската Унија за интеграција се задоволни од работата на ДИК. Иако нивните приговори се уште се разгледуваат, од оваа партија изразуваат надеж дека комисијата ќе ги прифати сите нивни приговори.

„Мислам дека добро си ја вршат работата. Целата македонска јавност виде дека две три страни биле потпишувани од едно лице, што значи дека кутиите биле полнети.“

изјави Музафер Бислими од ДУИ

Поради прекин на гласањето што траело подолго од три часа, ДИК го поништи гласањето и во 25 избирачки места, од кои шест во општината Сарај во изборната единица еден. Во изборната единица број два поништено е гласањето во 11 избирачки места и тоа во Чучер Сандево, Арачиново и Куманово. Во изборната единица број шест гласањето е поништено во осум избирачки места во Дебар, Желино, Брвеница и Гостивар.

Во знак на протест за изборните инциденти во првио круг, ДУИ вчера одржа митинг, за кој како што велат поминал во најдобар ред. Велат дека пораката е пратена, да се каже НЕ на насилството и теророт што, кои како што посочуваат го спроведуваат некои антиалбански структури во Македонија.

„Ние како партија не сме задоволни само од вчерашниот митинг кој беше организиран за 24 часа, туку сме воопшто задоволни од нашата кампања која беше мирна и ги повикуваше луѓето секој да излезе мирно на гласање и со својот глас да придонесе за развој на демократијата.“

изјави Бислими.
XS
SM
MD
LG