Достапни линкови

Противпожарната бригада подготвена да интервенира


Во случај да се повторат минатогодишните пожари, бригадата за зажтита од пожари е подготвена да интервенира, вели Благоја Менковски командир на бригадата. Тој истакнува дека пожарникарите деноноќно се обучуваат за интервенции во случај на пожар било да е од отворен карактер или пак во урбана средина.

„Цела година се подготвуваме. Подготвуваме оперативни тактики за гаснење на урбани пожари и пожари од отворен карактер. Тоа значи дека бригадата за пожари на град Скопје е способна со онаа опрема што ја има оперативно да ја користи и да ја заврши поставената работна задача,“

посочува Менковски и додава дека и покрај тоа што се добро обучени за справување со пожари,сепак на бригадата им недостасува опрема.

„За жал, опременоста е таа што е од минатата година. Нашите 12 проценти по основа на осигурување на имотот од пожар. До ден денеска од 1.11.2005 до денеска, Агенцијата за заштита и спасување нема купено ниту една игла. Што значи, немаме возила. Пожарникарите имаат старосен просек на 49 години. Од 1994 година до ден денеска нема примено ниту еден вреботен, млад пожарникар.“

од Центарот за справување со кризи велат дека од минатогодишното искуство со пожарите, за ова година превземале мерки за подигање на јавната свест и подобрување на условите за решавање со таквите ситуации.

„За таа цел се одржани два координативни состаноци на највисоко државно ниво. Подигната е координацијата и преземени се соодветни превентивни мерки. ЈП Македонски Шуми има оперативни планови, а почнато е и со планското сечење на шуми со правење на просека и одржување на шумските патишта. Обновени се и таблите за движење во шума,“

вели Надица Врчкова од Центарот и додава дека со помош на Британската амбасада се донирани четири противпожарни возила,а 50 лица за таа цел се обучени од страна на анкглиската противпожарна служба

„Се очекуваат и осум возила, како и воздухоплови за гаснење пожар.“

Инаку, минатата година, најголем дел од летните пожари беа предизвикани од страна на човекот. Тогаш изгореа околу 35.000 хектари шума,а штетата изнесуваше 32 милиони евра.
XS
SM
MD
LG