Достапни линкови

Исланд фаворит на хартија, македонските ракометари ветуваат дека ќе сторат се за пласман


Машката македонска ракометна репрезентација во претстојните два викенда по десетти пат ќе се обиде да мине еден бараж за пласман на големо меѓународно натпреварување. Овој пат за учество на Светското првенство кое догодина ќе се одржи во Хрватска, а за каде последна пречка ни е големиот должник - Исланд. Репрезентација која не елиминира во сите три претходни дуели и од која пред девет години започна нашиот од по трње во баражите за ЕП или СП. Непријатна историја, која не носи и песимизам во нашите редови, каде атмосферата е подобрена по триумфот на возобновениот турнир „Трофеј на Македонија“, по победите над учесниците на ОИ - Бразил и Египет.

„Одигравме на едно добро ниво. Ги видовме нашите предности и грешки. Треба доброто да се задржи, а лошото да го поправиме. Атмосферата се подобрува од ден во ден и само со добра атмосфера и позитивни размислувања може да се надеваме на позитивен резултат,“

изјави капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, нашиот најголем адут во двомечот со Исланд. Селекција која изминатиот викенд преку квалификацискиот турнир во Полска, се пласира на ОИ во Пекинг. Уште еден аргумент за да и се додели фаворитската улога, бидејќи:

„Тие се многу поискусни и подобро физички подготвени и се фаворити на хартија. Но, во спортот никогаш не се знае, топката е тркалезна и ќе направиме се да одиграме на добро ниво.“

Со почит кон противникот, но не и помиреност со нова елиминација додава Лазаров, одбегнувајќи директен одговор на прашањето - дали Македонија ќе го прекине 10 годишниот малер и конечно ќе се пласира на СП? За разлика од вечно оптимистички расположените љубители на спортот кои велат:

„Редно е веќе и ракометната репрезентација да оствари нешто за Македонија.“
„Јужните народи може да направат на мотивација нешто.“
„Би требало да победиме барем еднаш.“
XS
SM
MD
LG