Достапни линкови

Тече рокот од 48 часа за 58 партиски приговори


На седницата одржана синоќа Државната изборна комисија го поништи и донесе решение да се повтори гласањето во осум избирачки места во изборната единица број 6 и во 11 избирачки места во изборната единица 2 со вкупно 10 илјади и 584 избирачи. Исто така донесено е решение да го поништи гласањето во шест избирачки места во изборната единица еден. За нив дополнително ке биде донесено решение дали да се повтори галсањето на 15 ти јуни. На овие избирачки места гласањето било прекианто подолго од три часа изјави Зоран Таневски:

„Гласањето на шест избирачки места во општина Сарај е поништено бидејќи таму прекинот бил подолг од шест часа. Меѓутоа, откако ќе се направи симулација дали бројот на запишаните гласачи во избирачкиот список влијае врз резултатите за добивање пратенички мандати тогаш ќе се знае дали на нив ќе се прегласува.“

До истекот на законски утврдениот рок до вчера во 19 часот во ДИК биле доставени 58 приговори. Од нив 13 се од ДУИ, 15 од ДПА, 28 од ВМРО ДПМНЕ, еден приговор од коалицијата Сонце и еден од ТМРО. Рокот за нивно разгледување е 48 часа од моментот на доставување. Откако најголемиот број нерегуларнсоти се случија во албанските средини ке се искористи ли шанасата за поправен испит. Партиите од албанскиот блок имаат различни видувања. Рафиз Алити од ДУИ изјави:

„Очекуваме нашите приговори да бидат прифатени. Ако тоа не биде направено, тоа нема да биде добро за граѓаните и имиџот на земјата.“

Во меѓувреме според резултатите што ги соппшти ДИК соодносот на пратенички мандати мегу двете партии од албанскиот блок е изеданачен односоно и ДПА и ДУИ имаат по 13 пратенички мандати.

„Апсолутно не се точни тие податоци дека 13 имаат ДУИ и ДПА. Се знае дека беа полнети кутиите од луѓе од ДПА, а асистираше и полицијата, Алфите.“

Изјави Рафиз Алити. Премиерот Никола Груевски изјави деак ке формира влада со она партија која ке победи на фер и демократско прегласување.
XS
SM
MD
LG