Достапни линкови

Експерите не очекуваат намалување на инфлацијата поради екстерните влијанија


Деновиве се зголемија каматите на некои кредити. Главна причина се повисоките стапки на благајничките записи, кои Народната банка на Македонија ги зголеми со цел да ја заузда инфлацијата. Според некои граѓани и досегашните камати кои ги плакале биле превисоки за нивниот стандард:

„Многу се големи каматите. Денешниот народ знаете на какво ниво е со примањата.“
„Високи се. На 500 евра, плаќам 100 евра камата.“
„Какви и да се каматите, народот ќе земе кредит.“


Од Комерцијална банка велат дека овој потег бил неизбежен бидејки како што велат од таму, Народната банка во три наврати ги зголемиле каматните стапки. Тие сепак се одлучиле за селективно зголемување, притоа водејки сметка за својата конкутрентска позиција:

„При првите две зголемувања Комерцијална Банка не изврши корекција на својата каматна стапка. Зголемените трошоци ги презема на себе. Меѓутоа, по третото зголемување на каматните стапки и порастот на инфлацијата која во арпил беше 10,1 процент банката се одлучи за селективно зголемување на каматните стапки, притоа се водеше сметка да нема големо оптоварување за клиентите,“

вели Маја Стевкова Штериева главен финансиски директор на банката и додава

„Ова се релативно мали зголемувања на каматните стапки не би требало да се намали интересот за користење на кредити.“

Економистите велат дека со зголемувањето на инфлацијата ова мерка на Народната банка била очекувана, но тие посочуваат дека ова нема да ја намали инфлацијата.

„Прашање е колку може да биде решавачки фактор, во услови кога ние имаме големо влијание на т.н. базна инфлација, односно на цените на стоките во малопродажбата кои се формираат со одлуки на државата или кои се диктирани од надвор, конкретно со зголемување на цената на нафтата,“

вели професорот Душан Велковиќ и додава дека ова ке се одрази негативно на граѓаните особено што ке им се огрании порошувачката.

„Некои слоево од граѓаните, и поединци кои не се малубројни, заради поволните потрошувачки кредити веќе се влезени во зоната на презадолженост и еден ден ќе мора да се соочат со реалноста дека ќе мора да се откажат или ако некои кредити ги добиле со залог да претрпат големи губитоци,“

изјави Велковиќ.
XS
SM
MD
LG