Достапни линкови

Веќе е извесно прегласувањето во над 20 изборни единици


Денеска до 19 часот истекува рокот од 48 часа по завршувањето на гласањето што партиите го имаат за поднесување на приговори до Државната изборна комисија, за нерегуларности на гласачките места. Во ДИК велат дека согласно законот веќе е извесно дека во околу 20 –тина изборни единици каде беше прекинато гласањето повеќе од три часа, изборните резулатите ќе бидат поништени и ќе има повторување на изборите:

,,Гласањето беше прекинато во неделата на први јуни, во општина Сарај во неколку избирачки места, потоа во Дебар во две гласачки места, во Желино во две места, натаму во општина Брвеница, во Чучер Сандево, во општина Гостивар во две избирачки места и во цела општина Арачиново, во осум избирачки места.“

изјавува Зоран Таневски портпарол на ДИК. Освен овие списокот на гласачки единици каде ќе има прегласување најверојатно ќе се дополни откако ДИК ќе ги разгледа приговорите и од партиите, за што има рок од 48 часа по нивното доставување, како и по разгледувањето на пристигнатите записиници од општинските изборни комисии за ситуацијата на денот на гласањето во секоја единица посебно:

,,Врз основа на пристигнатите записници ДИК ќе може да ја констатира и конкретната состојба на теренот и потоа да реши како ќе постапува натаму.“

Посочува Таневски. Најголемиот број нерегуларности се случија во албанските средини, па партиите од албанскиот блок најавуваат обжалување на процесот. ДПА работи врз приговорите и до попладнево ќе ги прецизира спорните места, а ДУИ веќе знае каде ќе го обжали гласањето.

,,Цела општина Сарај во изборната единица 1 и цела изборна единца 6, значи тетовско-гостиварскиот регион.“

Истакнува Ермира Мехмети од оваа партија. Според првичните резултати разликата меѓу двете партии од албанскиот блок е многу мала. Во ДУИ велат дека оечкуваат дека прегласувањето ќе ја даде вистинската слика за расоположението на електоратот:

,,Не само што ќе влијае туку резултатот ќе биде одраз на расположението кај албанските гласачи кое што во континуитет дава огромна подршка на ДУИ.“

забележува Мехмети.
XS
SM
MD
LG