Достапни линкови

Вашингтон не дава оценка за изборните резултати се додека тие не бидат конечни, изјави Шон Мекормак


Соединетите Држави побараа од македонската влада да ги повтори изборите во деловите каде што гласањето било нарушено од насилства и заплашување. Но, портпаролот на Стејт Департментот Шон Мекормак додаде дека Соединетите Држави би се воздражале од давање оценка за резултатите од неделните избори се додека тие не бидат конечни.

Портпаролот на Стејт Департментот Шон Мекормак ја повика македонската влада да ги повтори изборите на оние места каде што имало насилство.

Владата е одговорна да обезбеди атмосфера во која луѓето можат слободно да се изразат преку гласање и да чувствуваат сигурност дека нема да бидат цел на закани или заплашувања.

Оцени портпаролот Шон Мекомак кој додаде дека во повторувањето на овие избори треба да се обезбеди присуство на соодветни безбедносни сили за да се создаде клима во која луѓето ќе може да гласаат.
Мекормак на прашањето дали доколку тоа повторување не биде спроведено, тогаш Соединетите држави нема да ги прифатат резултатите од изборите рече:

Со оглед на тоа дека побаравме повторување, ние всушност нема да даваме оценка за исходот на моменталните резултати. Ќе почекаме да видиме какви ќе бидат конечните резултати откако ова повторување на изборите ќе биде спроведено.

Мекормак и на мислење дека македонските аспирации за влез во НАТО ќе можат да продолжат, но откако ќе бидат поправени изборните проблеми и ќе биде решен спорот со Грција околу името:

Во голема мера сме убедени дека Македонија брзо и ефикасно ќе ја разреши оваа изборна ситуација и очекувам кога прашањето за името ќе биде решено, во контекст на НАТО, да се тргне напред со членството во Алијансата.

изјави Мекормак кој додаде дека американски претставници веќе разговарале со македонската влада во врска со решавањето на изборните проблеми. Ваквата реакција на Соединетите Држави и на другите меѓународни фактори, да се воздржат од оценка на изборите, според агенцијата Ројтерс, дава извесен простор за здивнување, но, како што се додава бара македонската влада и албанските партии да ги надминат ривалствата и тесно да работат во обезбедувањето мирно прегласување. Во можните сценарија по изборите агенцијата оценува дека повторувањето на владиниот сојуз со ДПА е полесната опција за Груевски, но оти таа би можело да фрли сенка на легитимноста на таквата влада. Наредниот извештај на Европската унија за Македонија, според Ројтерс, ќе зависи од многу фактори: регионалната ситуација, пред се во Србија и Косово, нивото на тензиите во земјата и добрата волја на Грција да се откаже од заканата за вето. Во врска со спорот со Грција, Ројтерс оценува дека Груевски на изборите добил мандат од гласачите да го задржи цврстиот став околу името. Но, притоа, како што се оценува, тој ќе мора да оди по тенка линија меѓу патриотизмот на неговите гласачи и тешкотиите и притисоците од Западот и албанците во земјата.
XS
SM
MD
LG