Претседателот на ДИК Јован Јосифовски вечерва соопшти дека одѕивот на гласачите на денешните предвремени парламентарни избори изнесува 58,34 проценти, што е за околу 3,5 проценти повеќе од парламентарните избори одржани во 2006 година. Според првичните резултати што Државната изборна комисија ги добила по електронски пат од 736 од вкупно 2.976 избирачки места, најмногу гласови има добиено Коалицијата „За подобра Макеодонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ - 56.507, „Сонце“ - Коалицијата за Европа - 26.510, ДПА - 22.538 и ДУИ 16.925 гласови.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете