Достапни линкови

Коалицијата ,,За подобра Македонија” очекува над 61 пратеник


Коалицијата ,,За подобра Македонија” води на предвремените парламентарни избори според првичните информации објавени од портпаролот на изборниот штаб на коалицијата Илија Димовски. Од 22% вкупно обработени гласачки места коалицијата ,,За подобра Македонија” освоила 111,146 гласа, а коалицијата ,,Сонце” 52,865. Димовски истакна дека очекуваат повеќе од 61 пратеник. За коалицијата ,,За подобра Македонија” изборите биле фер и демократски и тие повикаа да се повтори гласањето на сите избирачки места на кои се забележани инциденти.
XS
SM
MD
LG