Достапни линкови

На насилстото и заплашувањето не им е местото во едно демократско општество


По сериозните инциденти што го одбележаа денешниот ден на гласањето, ова не е одраз на демократско општество, е главната порака што ја упатуваат меѓународните претставници во Македонија:

,,Според мое гледање има значајни инциденти, насилство, заплашувања, полнење на кутии поради што изразуваме загриженост.”
,,На насилстото и заплашувањето не им е местото во едно демократско општество. Ова што се случува е многу загрижувачко.”
,,Сето ова не е добро, бидејќи е проблем за демократскиот процес на изборите. Многу е важен нормалниот избирачки процес, тоа е важно за државата и демократијата во Македонија,”


изјавија американскиот амбасадор во Македонија Џилијан Миловановиќ, евро амбасадорот Ерван Фуере и францускиот амбасадор Бернард Валеро.
XS
SM
MD
LG