Достапни линкови

ЕУ е премногу силна да биде нападната, но премногу слаба да ги решава проблемите на другите


Ирелевентноста, европски логичен избор. Под овој наслов Фајненшал тајмс ја анализира надворешната политика на Европската Унија, а во тој контекст и спрема Балканот. Или како што се заклучува во текстот: Европската унија достигна еден вид нирвана. Премногу е силна за да биде нападната, но и премногу слаба за да ги решава проблемите на другите во светот.

,,Во Италија, за триесет години под Борџиите, имаше војни, терор, убиства и крвопролевање, но тие ги продуцираа Микеланџело, Леонардо да Винчи и ренесансата. Во Швајцарија постоеше братска љубов и петстотини години демократија и мир и што направија: часовник со кукавица,,. Овој говор на Орсон Велс во филмот Третиот човек е голем синеастички момент, но исто така претставува и интересен избор. Петстотини години Европа беше политички, културен и економски центар на светот. Но, крвопролевањето што одеше со таа моќ кулминираше во две самоубиствени војни во дваесетиот век. Од илјада деветстотини четириесет и петата Европа стана преспективна, мирна, удобна, но и ирелевантна. И додека евро лидерите се колнат дека сакаат од Унијата да направат нова супер сила, нејзините граѓани се за опцијата часовник со кукавица. Да се биде супер сила е тешка и крвава работа. За разлика од американците тие немаат воено присуство во источна Азија или во Заливот. Критичарите во ваквиот европски инстикт на немешање гледаат кусогледост и неетичност. Кусогледост со оглед на фактот дека и Европа не е поштедена од безбедносни ризици, а нефер односот е спрема американците од кои, како што се наведува во текстот, Европа бара заштита.
Секако постојат закани кои не се решаваат со оружје како климатските промени, неконтролираната имиграција, заразните болести, енергетските кризи, но европскиот млитав одговор на балканските војни во деведесетите години често пати се посочува како причина зошти Европа треба да развива поголеми воени и дипломатски мускули. Напорите на европската Унија да го запре крвопролевањето во поранешна Југославија во деведесетите години беа бавни и неефикасни. Меѓутоа, за разлика од балканската криза во почетокот на минатиот век кој прерасна во светска војна, овој пат не се ни постави прашањето дали тоа крвопролевање ќе се претвори во глобален конфликт. Ирелевантноста не е посебно горделива или благородна. Но, ирелевантноста се уште би можело да биде логичен избор за Европа. Впрочем, Европската унија достигна еден вид нирвана. Премногу е силна за да биде нападната, но и премногу слаба за да ги решава проблемите на другите во светот. Или, можеби Европа веќе стана џиновска Швајцарија.
XS
SM
MD
LG