Достапни линкови

Зоран Ставревски, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ. Нема да прифатиме промена на Уставот за промена на уставното име за влез во ЕУ и НАТО


Господине Ставревски, побитно ли беше да се добие конструктивна опозиција, како што имено ги образложивте причините за превремените избори или да се задржи чекорот за нашите НАТО и ЕУ интеграции

Значајно е да се реализираат нашите евро атлантски интеграции, но исто така значајно е за да се постигне тоа да се реализираат неопходните реформи, за да се стигне до таму, а реформите не може да се реализираат кога постојано има неконструктирни кочења од страна на опозицијата. Како и во секоја друга држава, опозицијата има легитимно право да се спротиставува на идеите и концептите на власта, но дури и кога се тие потребни за интеграцијата во НАТО или ЕУ, или за доброто на македонските граѓани се случуваше да се прават кочници, и тоа неовозможуваше да се реализира целокупната агенда, вкучително и агендата поврзана со ЕУ.

На крајот ова не доведе до серија жестоки изборни инциденти коишто ја одбележаа изборната кампања. Има ли капацитет власта да се справи со изборните инциденти

Секако дека власта има капацитет, меѓутоа одговорноста е на сите учесници во изборниот циклус и сметам дека секој за себе треба да смогне сили да учествува во фер и демократски избори, затоа што тоа е обврска за сите нас. Власта го демонстрираше капацитетот, со самото тоа што за само 24 часа впрочем беа откриени двајца од учесниците во дел од инцидентите, тие добија притвор. Така што, се направи она што можеше да се направи, но велам, одговорноста е кај сите учесници во изборниот циклус да се обезбедат фер и демократски избори.

Ги погрева ли можеби власта инцидентите на терен со тоа што постојано лицитира околу изборот на идниот коалиционен партнер од албанскиот блок

Не знам на што мислите, никој не лицитираше од наша страна.

Ќе коалицирате со ДПА или

Изборот на коалициониот партнер како и секогаш зависи од програмските определби и трдицијата со кои партии си компатибилен во делот на програмските и идеолошките определби и во тој дел, ние логично имаме долгорочна соработка со ДПА. Но, неблагодарно е да се антиципира сега каков е исходот и што ќе се случи по изборите.

После неуспешниот самит во Букурешт, проблемот околу името, но и комплицираната ситуација околу изборите, има ли владеачката ВМРО ДПМНЕ јасна визија како понатаму и како до ЕУ и НАТО

Сметам дека ВМРО ДПМНЕ е првата и единствена политичка партија којашто излезе пред граѓаните со јасно дефинирана платформа во којашто е напишано дека членството во ЕУ и НАТО се врвен надворешно политички приоритет за Република Македонија и ВМРО ДПМНЕ. И јасно е дефинирана рамката во којашто ќе се одвиваат напорите за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО. Во тој контекст е дефинирано и во кои услови и под кои околности ќе се продлжи со решавањето на спорот што го наметна Грција околу името. Во програмата точно е напишано каде е црвената линија на ВМРО ДПМНЕ односно стои дека ВМРО ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име. Ниту ќе прифати решение што го загрозува националниот идентитет, македонскиот јазик и култура. И ВМРО ДПМНЕ нема да се согласи поединец политичар, политичка партија или Владата или Собранието, самостојно, без да ги прашаат граѓаните да решат за тоа. Ние сме единствени што точно излеговме пред граѓаните и објаснивме која е нашата црвена линија и во која рамка планираме да ги продолжиме напорите за решавање на спорот со Грција и членство на Македонија во ЕУ и НАТО. Сметам дека тоа е сериозен пристап и би апелирал и другите политички партии коишто ветуваат многу брзи решенија да излезат отворено пред граѓаните и да кажат каде е нивната црвена линија, ако воопшто ја има.

Оптимист ли сте дека ќе успееме да го фатиме рокот од 9 јули за решавање на проблемите коишто воедно ни е испорачан за членство во НАТО

Сметам дека добро е да се проба да се постигне решение доколку е можно секако побрзо. Меѓутоа, важен е и квалитетот на решението. Ова е историско прашање за нас и поважен е квалитетот на решението отколку самата брзина. Доколку е можно и едното и другото да се добијат со фер решение секако дека ние тоа ќе го напарвиме.

Но целата ситуација ги заплашува граѓаните. Се почести се укажувањата од експертите околу евентуалната опасност за опстанокот и перспективите на нашата земја. Можно ли е вакво сценарио

Јас не би се согласил целосно. 17 години некој ги заплашува граѓаните дека Македонија нема да ја биде, Македонија нема да опстане. Ние докажавме дека сме многу жилави. Поминавме низ многу искушенија, низ големи трговски блокади, економски ембарга од Грција, конфликт во соседството, конфликт во земјата. Покажавме дека можеме сето тоа да го надминеме со добар меѓуетнички соживот со јасна определба на политичките структури дека нашата иднина е во ЕУ и НАТО и сметам дека имаме сили и знаење тоа да го оствариме и луѓе со визија како тоа да се постигне.

Дали одлуката за предвремените избори претставува бегање, како што ве обвинува опозицијата, од лошата економска ситуација и недоволното ниво на странски инвестиции

Сметам дека бројките се најдобар показател кој е во право. Нормално, опозицијата и позицијата секогаш може да имаат различни гледања. Бројките покажуваат дека никогаш порано немало економски пораст од пет проценти, никогаш порано немало пораст на извозот од 40 насто. Никогаш порано инвестицииите не се зголемиле толку многу. Странските инвестиции беа 240 милиони евра, двојно повеќе од било која претходна година. Значи, трендот е позитивен, може да зборуваме и добро е да се биде амбициозен и да се стремиш кон подобро и повеќе и ние такви сме и така ќе работиме да оствариме и подобри економски резултати со цел тие економски резултати да се одразат на поединечниот живот на секој човек. Значи, како што земјоделците почувствуваа подобрување од нашите политики, како што некои луѓе во меѓувреме најдоа работа, како што беа зголемени пензиите и платите, така се поголем број луѓе да чувствуваат придобивки од економските резултати.

Но, да во потсетам инфлацијата е висока

Инфлацијата е висока во цела Европа. Секаде инфлацијата е голема некаде 9, 10, 11 посто. И ние она што можеме да направиме го направивме. Всушност, со мерките во земјоделството само помогнавме да се зголемат површините со цел повеќе да се произведува домашна храна. Имавме интервенции со стоковите резерви коишто помогнаа да се стаблизираат цените и сега месечната инфлација веќе е стабилизирана во однос на претхондниот месец, 0,2 до 0,4 насто и очекуваме тоа да помогне инфлацијата да се врати на ниво до пет проценти до крајот на годинава.

Со што ќе се обидете да ја добиете поддршката од гласачите на изборите

Ние секако ќе продолжиме со реализација на сериозна реформска програма во делот на економијата. Во тие рамки, предвидуваме натамошно растоварување на стопанството преку намалување на трошоците на работење. После даноците коишто ги донесовме на најниско ниво во Европа, предвидуваме во слените три години придонесите на плата да се наалат за една третина во однос на сегашното ниво што е големо растоварување на стопанството и тоа ќе помогне тоа да биде поконкурентно да отвора нови работни места и да ги зголемува инвестициите. Воедно предвидуваме и воведување на концепт на бруто плата, што е значајно тие заштеди што ќе се направат да не бидат целосно на страна на работодавачите, туку и работниците да почувствуваат корист, со тоа што дел од тие заштеди ќе се преточат во зголемување на платите во приватниот сектор, во фирмите. Реинвестираната добивка и натаму нема да биде оданочена. Предвидуваме 50тина мерки во делот на регулаторната гилотиња, значи тоа ќе биде континуиран процес и сериозни инвестициски проекти во инфраструктурата, енергетиката коишто ќе помогнат да се подобри вкупната бизнис клима во Македонија.
XS
SM
MD
LG