Достапни линкови

Со добри климатски услови, стабилизирање на состојбата наредната година, очекуваат експертите


По влезот на хрватски „Агрокор“ и на Словенците годинава подобро се реши проблемот на пласманот на вишокот на земјоделските производи кој се појауваше секоја година со организран и сугурен откуп, но сега од високите цени на овошјето и зеленчукот на домашниот пазар оштетени се купувачите.

Перо Стојановски од регионалното здружение на земјоделците се согслува дека извозот е поголем но смета дека најголем дел од добивката наместо кај земјоделците и натаму оди кај трговците

„Земјоделците остануваат со зголемени цени, но причина се репроматеријалите, останатата разлика оди кај трговците.“

Илија Каров вели дека дека сега имаме реално производство за внатрешниот и надворешниот пазар:

„Нас не уценуваа земјоделците. Трговците ќе го купеа за 20 денари, а го продаваа за 50 денари. Сега има поголема побарувачка. Има зголемени цени, а оштетен е потрошувачот затоа што реално пораснаа цените.“

Екстра добивка немаат ниту земјоделците ниту трговците бидејќи имаме двојно поскапување на вештачките ѓубрива, а секојдневно расте цената на нафтата на светските пазари достигнуавајќи 135 долари за барел, вели Каров.

„Значи, ова производство од 2008 година, ќе биде дел за исхрана наменето, а дел за обнова на резервите. Од догодина, во Македонија и на светско ниво со добри климатски услови би требало да се очекува стабилизирање на состојбата,“

очекува професорот Каров.
XS
SM
MD
LG