Достапни линкови

Јасен сигнал дека Грција е подготвена за некаков компромис за името, оценуваат дипломатски кругови


Кусите тет а тет неформални средби со грчкиот премиер Костас Караманлис а уште повеќе дваесетминутниот разговор од нога на македонскиот претседател Бранко Црвенковски со грчката минситерка за надворешни работи Дора Бакојани на регионалниот самит во Бугарија во дипломатските кругови се толкуваат како прв јасен сиглнал дека Грција е подготвена на некаков компромис за името. Во своите изјави за медиумите Црвенковски остана на својата резерва-и друг пат од грчка страна биле давани оптимистички изјави а во пракса ставовите сепак да останат тврди. Во главно пријателските средби како и во говорот на грчкиот премиер била пренесена пораката прв пат толку децидно и во форма - Грција е заинтересирана Македонија да стане дел од регионалниот безбедносен појас. Во наредниот период веројатно попрецизно ќе треба да се дефинира линијата до каде можеме да одиме во компромисот, велат дипломатски извори. Во секој случај, на македонски терен подготовките за продолжување на преговорите се чинат искомплицирани. Иако и самата грчка страна порача дека во текот на изборната камшања во земјава тие треба да мируваат, од кабинетот на претседателот велат-Црвенковски ги искористи сите јавни настапи, па и последниов во Поморие за да порача дека сега треба да ги интензивираме преговорите и да направиме се што можеме од нашпа страна.

„И од наша страна беше кажано дека веднаш по изборите сме подготвени да се интензивираат преговорите и да дојдеме до што е можно побрзо решение коешто ќе биде прифатливо и за Република Македонија, коешто нема да задира во нашиот идентитет и ќе ни ги отвори повторно евро атлантските перспективи.“

Ова меѓу другото како што посочуваат и од претсдателскиот кабинет би требало да биде накаква порака и до Владата. Од Владата молк. Оттаму велат проблемот не лежи во иницијативноста на македонска страна туку во тоа што од другата страна, се мисли на Грција, наидуваме на истото одбивање.

Професорот Денко Малески моменталната состојба во земјава ја оценува како неповолна во поглед на градењето единство, запознавањето на јавноста со чекорите што треба да се преземат во врска со ова прашање во прилог на подготовките за евентуално интензивира преговорите макар и по изборите:

„Во изборниот процес овие недели едната и другата страна се предизвикуваат кој би бил предавникот итн, што не е добра подготовка за интензивирање на преговорите по изборите.“

Освен тоа вели Малевски, премногу свежи ќе бидат ветувањата дека нема да се отстапи од уставното име доколку сегашната владејачка гарнитура остане на власт вели малевски но сепак треба да се остави на можноста од изненадувања во меѓународните односи кои како што назначува знаат да скршат и најтврди ореви.
XS
SM
MD
LG