Достапни линкови

Се ќе зависи од однесувањето на политичките лидери, велат експертите


По неуспешната изборна кампања одбележана со серија инциденти, надежта сега е вперена во спроведување на мирна атмосфера, без насилство барем на денот на изборите. По испуштената изборна кампања имено и пораките од меѓународната заедница се чини се насочуваат во правец на денот на гласањето. Американскиот амбасадор во земјава Џилијан Миловановиќ повотрно со апел до политичките лидери да недозволат насилство. Доколку овие избори се полоши, ако има повеќе насилство, заплашувања и избирачите се чувствуваат небезбедно и доколу има проблеми на денот на изборите, тоа нема да се одрази добро врз Македонија, порачува Миловановиќ. Одговорноста за целиот процес, но и за надежта за спроведување на мирен изборен ден, експертите ја вперуваат во политичките партии:

„Како и се досега впрочем така и денот на изборите, најмногу ќе зависи од однесувањето на политичките партии, тие се главните актери кои ги мобилизираат своите членови и кои што би можеле да спречат евентуално некакви неправилности на денот на изборите.“

Истакнува политиколот Владимир Мисев. Во оваа насока аналитичарот Мерсел Биљали додава дека притисокот мора да биде насочен кон лидерите:

„Кон главните актери, односно лидерите на политичките партии, првенствено од странските фактори затоа што кај нив убедувањата во стилот дека ќе ги изгубиме ЕУ и НАТО тоа не им е многу важно и немислам дека посакуваат такво нешто, бидејќи тие ,,ловат кога е матно.“

Домашаната експертска јавност посочува дека Макеоднија има шанса барем малку да ја поправи негативната слика веќе регистирана кај меѓународниот фактор од инцидентите за време на кампањата, доколку се смогнат сили денот на гласањето да помине во мирна атмосфера. Иако не очекува таков ден, дека е можна попозитивна слика верува аналитичарот Биљали:

„И најверојатно ќе остане во заборав тоа што досега се случи.“

Иако оценката за тоа каква изборна атмосфера спроведе Македонија е веќе донесена и политикологот Мисев посочува дека дефинитивно лош гласачки ден може уште повеќе да ја влоши оценката:

,,Дефинитно нерегуларен изборен ден со многу инциденти, со недоверба во резултатите кои што би ги донел тој изборен ден, уште повеќе би ја зацрниле сликата и впечатокот што ќе го остави Македонија за изборниот процес.“

Вели Мисев.
XS
SM
MD
LG