Достапни линкови

Можна дестабилизација на регионот, ново предупредување од аналитичарите


Доколку Македонија остане надвор од НАТО и по крајниот рок јули кога би можела да фати приклучок со Албанија и Хрватска, прашањето на стабилноста и безбедноста на земјава па и на регионот се чини како неопходна тема. Потврда за тоа стои и во писмото што високи американски и европски дипломати го упатија до генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер во кое тие предупредуваат на сериозни последици за стабилноста наземјата како и на Косово доколу поканата за НАТО не се добие во најскоро време. Еден дел од македонски експерти не се подготвени да веруваат во ваквите анализи на состојбите во Македонија и околу неа.

„Јас мислам дека поголемите регионални дестабилизации се завршени така што не верувам во некои катасторфични тези, но реално Макеоднија ќе се изолира и тоа најверојатно ако се дестабилизира, тоа ќе биде поради сиромаштијата.“

Вели политичкиот аналитичар Мерсел Биљали. Професорката Билјана Ванковска која на членството во НАТО не гледа како на спас од евентуалните закани по стабилноста на земјите туку како на оспособеност на државите да учествуваат во градењето на општата стабилност, вели дека оваа организација и кога би станале дел од неа не би значела гаранција за спречување на евентуалните дестабилизирачки процеси во земјата.

„Ако да речеме на меѓуетнички план едната заедница се погласно ги најавува своите амбиции за редефинирање на внатрешниот поредок, во смисла на федерализација, јас негледам дека членството во НАТО ќе има било какво влијание. Тоа може да има само влијание на одложување на некои процеси кои веќе се во тек, значи самото НАТО не е некоја наднационална организација.“

Вели Ванковска. Македонија не смее да размислува да не стане членка на НАТО и треба да направи се да стане членка на оваа организација, е на мислење професорот Владимир Пивоваров. Можноста за дестабилизација ја гледа и во економското ослабување на државата, но уште повеќе како препознавање на историските движења во овој дел од светот.

„Можно е во таквите моменти да се појават оние струи на национализмот во регионот, на Балканот и многу малку е потребно тоа ,,буре барут“ на Балканот да се запали. Што значи дека може да се очекува да се појават тие националистички страсти, да се поврати историјата за големи држави, за освојување на нови територии.“

Професорот Пивоваров во прилог на своите тези потсетува на повикот за славењето на годишнината од призренската лига но препознава раздбвижување на разните аспирации кон Македонија од сите соседи.
XS
SM
MD
LG