Достапни линкови

За непочитување на договореното партиите меѓусебно се обвинуваат


Иако потпишаа договор со кој се обврзаа на организирање на фер и демократски избори на терен изборните инциденти, станаа декор на кампањата, а договорот се чини остана само потпишан документ. Партиите на последната лидерска средба се договорија и дека со прашањето за името нема да се манипулира во текот на изборната кампања но, сепак во реториката на политичките партии на изборната сцена, ова прашање е едно од најексплоатираните. Зошто не се почитува договореното? Во опозиционата СДСМ велат:

„Јас наједноставно е да кажам дека вината е кај Груевски кој е посочен како човек на кого неможе да му се верува, иако кој прв започна не е ни битно, но тој прв на онаа нивна конвенција го отвори повторно прашањето околу името.“

Изјавува Владо Бучковски од СДСМ. Во ВМРО ДПМНЕ пак без коментар на ова прашање. Слична ситуацијата на меѓусебни обвинувања и кај албанскиот политички блок на чија „сметка“ е одговорноста за изборните инциденти во изминатиов период. Ниту во ДУИ, ниту во ДПА не зборуваат за почитување на потпишаниот договор за мирни избори туку продолжуваат со обвинувањата:

„Очигледно дека челнците на ДПА сватија дека во мирни и фер избори ќе губат.“

„Ова одговара само на политиката на ДУИ која е наклоената на такво политичко дејствување, насилничко како и досега.“


Истакнуваат Рафиз Алити од ДУИ и Феџри Селами од ДПА.
За се што носи гласови нема воздржување во изборната кампања меѓу партиите, велат пак аналитичарите за покажаното непочитување на договореното:

„Не сум од оние кои веруваат дека партиите ќе се воздржат од злоупотреба, дека во кампањата нема да има ништо врзано за името, тоа е прашање кое мобилизира гласови и пристапот кон тоа прашање мобилизира гласови, но единствено што не ми е јасно е која е разликата во пристапите на политичките партии, ние немаме многу избор.“

посочува аналитичарот Ненад Марковиќ. Кај албанскиот блок пак, вели тој, борбата за гласови во која не се бираат средства и уште помалку се почитуваат договори е уште поизразена поради малата разлика во рејтингот меѓу двете главни партии од овој блок:

„Кај албанскиот блок разликата варира, многу е мала што секако доведува до тензичност кај политичките актери со самото тоа многу често небирање на средства.“

истакнува аналитичарот Марковиќ.
XS
SM
MD
LG