Достапни линкови

Во албанскиот политички блок свесноста на последиците затајува, продолжуваат со меѓусебни обвинувања


Очигледно некому во државава не му одоговара интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, вака експертите ги коментираат серијата изборни инциденти меѓу албанскиот политички блок. Според аналитичарот Мерсел Биљали повикот на евроамбасадорите дека продолжувањето на инцидентите ќе значи неизвесност за нашите евроитнеграции, не треба да се насочува кон сите граѓани, туку кон организаторите на инцидентите, односно виновниците треба да се бараат во врвот на политичките партии:

„Тоа е апсолутно е координирана акција од страна на самите ,,врвови“ на политичките партии и затоа повикот од ЕУ значи само казнување на граѓаните, а не и директно на актерите кои учествуваат во овие дејствија“

Биљали смета дека очигледно на политичките структури во неможноста да понудат нешто конкретно за да го мотивираат електоратот, им одговара хаотична ситуација наместо ред и поредок по кој државата ќе треба да функцинира во рамките на Европската Унија и НАТО.

„Им одговара хаотична ситуација и тие за жал пермаментнот или никако да се ослободат од тоа дека немора по секоја цена и секогаш да се добијат изборите.“

Вели аналитичарот Биљали. Партиите од албанскиот политички блок велат ја ,,примиле„ пораката од мегународната заедница за ,,цената“ што ќе ја плати државава доколку се продолжи со инцидентите. Но, свесноста дека треба да се реагира на терен очигледно не созрева, туку и натаму продолжуваат со мегусебните обвинувања дека едните односно другите се виновни за инцидентите:

„Значи ние само тоа го пренасочивме до ДУИ да внимаваат што прават, затоа што со вакви активности за загрозува евроатлантската иднина на Македонија.“

„Никаде нема да пронајдете ниту еден случај дека наши активисти имаат напревено нешто против нашите опоненти, сакам да кажам дека власта носи најголема одговорност за овие инциденти и за овој така да го наречам ,,атентат“ за евроатлантските интеграции на Македонија.“


Изјавуваат Фехри Сељами од ДПА и Џеват Адеми од ДУИ. Во МВР пак посочуваат дека регираат во насока на проаноѓање и казнување на виновниците за изборните инциденти. И премиерот Никола Груевски вечра истакна дека мора да се спроведат фер и демократски избори посочувајќи дека нема да има партиска заштита за сторителите на инцидентите.
XS
SM
MD
LG