Достапни линкови

Можно ли е влошување на меѓуетничките односи доколку разликите се продлабочат?


Признавањето на Косово и прашањето за името во македоско-грчкиот спор. Токму за овие две прашања, во јавноста се забележуваат разијдувања меѓу македонскиот и албанскиот политички блок. За припадниците на албанската етничка заедница важно е што побрзо призвнавање на Косово, а последните анкети покажаа дека повеќе од 50 проценти од Албанците се за промена на името само за Македонија да влезе во НАТО. За Македонците приоритет е решавањето на прашањето за името, но не по цена на промена на уставното име. Експертите предупредуваат дека доколку ваквите разлики се продлаболчат, постои опасност од влошување на меѓуетничките односи во земјава:

„Во однос на Косово не очекувам влошување на меѓуетничките односи затоа што Македонија во секој случај ќе го признае Косово како независна држава, тоа го знаат и албанскиот политички блок во Македонија, но се покренува тоа прашање во текот на предизборната кампања. Прашањето за името пак, албанците се дистанцираа од тоа прашање и го префрлија кај македонците, тоа може да предизвика влошување на меѓуетничките односи.“

Изјави аналитичарот Јован Донев
За овие прашања одговорноста е кај Македонците. Позицијата на Албанците за ова прашање, е јасно определена, вели политиколот Хисен Рамадани.
Но она што ме плаши посочува тој, е доколку разликите меѓу двете страни станат ненадминливи.

„Топката е во целост кај македонците. Ако дојде до некој период на одлучување внатре меѓу македонскиот фактор дали исток или запад, со албанците нема што да се разговара на таа тема, тие се исклучиво за запад.“

Токму создавање на меѓуетничка тензија и предизвикување на внатрешна политичка криза му одговара на нашиот јужен сосед, се согласуваат експертите.

„Позадината на грчката идеја е да се отвори прашањето за името во Македонија и во тој случај тоа прашањето внатре неможе да се реши, потоа ќе настане сериозна политичка криза а ,,картата,, со која Грција игра во тој момент е дека на албанците им се брза да станат членка на НАТО и ЕУ и практично албанците да вршат пресија врз македонците да го решат прашањето за името.“

„Ниедно решение не прифаќаат сега бидејќи сакаат да се одолжи тоа време и да се види прво каде ќе оди Македонија.“


Изјавија Донев и Рамадани
Последната анкета на УНДП, покажала дека граѓаните мислат дека меѓуетничките односи во земјава се добри, а дури 64 отсто од испитаниците веруваат дека политичарите се најчести виновници за етничките тензии.
XS
SM
MD
LG