Достапни линкови

Денеска во Тетово протест во организација на ДУИ


ДУИ ги повика Албанците денеска во 13 часот на Градскито плоштад во Тетово на протест против како што наведоа атентатите од ДПА и полицијата. Освен нападите на штабовите на ДУИ во целиот регион и атентатот што се случи вчера во селото Раховец врз претседателот Али Ахмети директен мотив за денешниот протест е и тоа што во оваа партија сметаат дека целата оваа состојба се менаџира во соработка на МВР и парамилитантни структури.

„Причината е тоа што наши активисти ги пријавиле со име и презиме тие што ги кршат штабовите или беше тепан претседателот на огранокот на Сарај, кој истото го пријави во полиција и тоа со име и презиме и никој до сега не презема ништо, освен тоа што портпаролот на МВР цело време кажува дека сторителите се непознати,“

вели Рафиз Алити од ДУИ.

Од МВР информираат дека синоќа во Тетово е приведено едно лице поради сомнение дека учествувало во воорушениот инцидент во селото Раховец кога било пукано врз возилото на ДУИ. Се вршат службени разговори со ова лице и се работи на утврдување на мотивите поради кои е пукано и евентуиална инволвираност и на други лица.

„За жал и покрај тоа што синоќа имаше ветување од страна на лица членови на ДУИ дека ќе дојдат да го идентификуваат осомничениот синоќа тоа не се случи,“

вели портпаролот на МВР Иво Котевски.

ДПА ги повика тетовчани и сите Албанци да не учествуваат на денешниот протест затоа што како што велат оттаму тој е насочен кон подигнување на тензиите меѓу Албанците.

„Не би сакале Албанците да навлегуваат во идејата и да бидат вклопени во менталниот склоп на ДУИ за братоубиство,“

изјави Сељами Феџри од ДПА. Тој вели дека оваа партија неколкупати дневно повикуваме електоратот и активистите на ДПА да останат мирни и да не потпаѓаат на провокации. Но некои работи не можат да се контролираат.

Обвинувајќи дека врз него имало обид за атентат при вчерашната посета на селото Раховец, лидерот на ДУИ Али Ахмети на прес конференција побара од симпатизерите и членовите на оваа партија и натаму да се залагаат за фер и демократска изборна кампања. Рафиз Алити од оваа партија и денска тврдуи дека ниту еден инцидент не бил птредизвикан од страна на ДУИ и дека тоа е резултат на активностите на оваа партија меѓу своите активисти.
XS
SM
MD
LG