Достапни линкови

Во период на историска политичка транзиција парадата не е изненадување, оценуваат аналитичарите


Точно 17 години откако последниот тенк помина по московскиот црвен плоштад Русија повторно ке го демонстрира своето тешко оружје на традициналната парада за победат во втората светска војна. Ова всушност не е изненадување во период кога Русија ја извршува историската политичка тразнција во Кремљ.

За прв пат во последниве 17 години Русија ја одбележa победата на нацизмот во втората светска војна со презентирање на тешка воена машинерија.

Путин зборувајки на последниот состанок на кабинтетот како претседател на Русија ја бранеше својата одлука да ги прикаже воените капацитети на земјата на денот на прославата на победата

„Ова не е заплашување. Ние не се закануваме на никого и не наметнуваме ништо на никого. Имаме доволно од се.Но ова е демонстрација на растот на нашата одбрамбена мок. Способни сме да ги браниме своите луге, грагани, својата држава нашето изобилно богатство.“

Сепак овогодишната парада потсетува на комунистичкото минато на земјата кога милиони луге гледаа на телевизија како Советскиот сојуз ја прикажува својата воена мок. Сето ова доага и во време на историска политичка транзиција кога Путин, сеуште мокен и популарен како претседател ја предаде власта на Дмитри Медведев, а тој се повлече на премиерската функција.
Рускиот политички аналитичар Дмитри Орешкин вели дека демонстрацијата на сила на парадата е само еден од чекорите на Путин со кои тој се обидува да потести на обележјето на Совесткиот Сојуз и поранешната слава на земјата.

„Тој ги освежува советските сништа. Голем број луге кои го сметаат дека светот функционира на начин " западот сака да ја пороби Русија" имаат чувтсво дека на земјава и недостигаат тенкови. Па зошто на нив да не им се покажат тенковите? Зошто да не се повозат по Црвениот плоштад? Да ги видат, да заплачат и да се смират!“

Русите и руската влада кокетираат со носталгијата за советскиот сојуз од неговото пропагање кога политчкиот и економскиот хаос предизвикаа тежок удар врз националните чувства. Но социологот Борис Дубин смета дека оживување на тие времиња сега е непримерно

„Таа тенденција се потврди за време на двата мандата на Путин. Сите овие симболи покажуваат дека државното раководство и дел од населението го оживуваат совесткиот сојуз. Ова не беше карактеристично за првиот период на Елцин, дури и за периодот на владеење на педестројката на Горбачов.“

Но Путин врати и некои симболи од предсоветската ера. Последниот цар Никола 2 и неговата фамилија во 1998 година беа погребани со голема помпа а презема и уште неколку слични чекори. Дубин вели дека врската мегу царска и советска русија е апсурдна.Потенцијалот за модернизација на Русија и желбата за реформи и така е мала вели Дубин и додава дека вака поголемиот дел од нацијата сметаат дека и ништо не треба да се смени.
XS
SM
MD
LG