Предизборната кампања почнува в недела. Иако оваа информација на прв поглед делува како застарена, затоа што актерите во изборната трка веќе се наголемо растрчани, сепак тие не убедуваат дека тоа само ни се причинува и оти сеуште се на стартната позиција. Деновиве и невладината организација Мост, која ја следи регуларноста на изборниот процес, посочи дека партиите веќе ги прекршиле правилата и наголемо ја почнале агитацијата, и се разбира трошењето пари
Но дека и овојпат ќе биде според онаа старата „кучињата лаат а карванот си врви“, навести претседателот на ДИК, тело задолжено за организирање на изборите
„Санкции не може да се изрекуваат, затоа што за жал во изборниот законик нема прецизна одредба врз основа на која ДИК ќе може да покрене прекршочна постапка.“
А завчера се одигра уште еден чин од фарсата наречена „потпишување кодекс за фер избори“, во која главните улоги повторно ги играа лидерите на партиите. Но, мастилото на потпишаниот кодекс уште не беше доисушено, а опозицијата веќе обвини:
„Имаме претседател на ДИК кој функционира под диктат на премиерот на Владата. Имаме нерегуларни листи на една партија која по втор пат излегува со двојници и имаме целосен обид да имаме медиумски мрак во Република Македонија.“
Битен сегмент и неизбежен декор на секој изборен процес, а зошто овој би бил исклучок, се инцидентите, без или со оружје, сеедно. И покрај сите предупредувања од меѓународниот фактор и декларативната поддршка од нашите политичари за избегнување на таквите случувања, сепак регистриравме неколку напади врз партиски активисти или штабови. Засега за среќа без поголеми последици. Претставниците и портпаролите на партиите, како и обично, за ова и за се што е негативно, ја префрлуваат одговорноста, велејќи ние сме во право, другите лажат.
Во меѓувреме, се случи и првиот пример на разобличување на вистинските намери на партиите во предизборниот период. Селаните од скопски Црн Врв, на кои преку глава им е од ветувања дека ќе им го направат патот, рекоа дека нема да гласаат.
„Само доаѓаат кога има гласови, велат ќе правиме ова или она, потоа ништо нема да прават.“
Како и да е, стартниот пиштол утре ќе го означи почетокот на кампањата, а единствена промена во нашето секојдневие ќе биде тоа што наместо убавите манекенки, од билбордите и од ТВ рекламите ќе ни се насмевнуваат политичките лидери.