Достапни линкови

Законот забранува вработувања и тендери по објавувањето на изборите


Партиски вработувања во предизборието, експертите со став:

Законот е јасен – забранети се тендери и вработувања по објавувањето на одлуката за избори

Деновиве во вжештената предизборна атмосфера, власта и опозицијата се разменија остри критики на тема партиски вработувања. Додека актуелната власт беше укорена за огласите за преем на голем број административци во Министерстовото за правда, фондот за здравство, и прием на Албанци во администрацијата согласно планот за правична застапеноста на етничките заедници, опозицијата беше прозвана дека пред избори ја користи позицијата во локалната самоуправа и во оние општини каде што има свои градоначалници врши партиски вработувања. Професорот по управно право од Правниот факултет Борче Давитковски објаснува дека во предизборниот период согласно законот за спречување на корупцијата забрането е отворање на нови работни места:

„Значи, од моментот за донесување на одлука за избори, кога претседателот на Собранието ја објави одлуката за избори забранета е секаква активност, покрај тендери итн. Децидно е кажано дека е забрането вработување во јавната администрација,“

објаснува професор Давитковски. Во владата пак велат дека огласите за нови работни места во јавната администрација се процес, кој трае подолго време. Одобрението кое треба да го даде Агенцијата за државни службеници и Министерството за финансии бара време од неколку месеци, односно вработувањата како што објаснуваат се испланирани од страна на институциите многу порано:



истакнува Мартин Мартиновски. Но, професор Давитковски објаснува:

„Тие може уште во јануари да планирале да купат, и влезено е во буџет, јас претпоставувам дека тоа е в ред, но не смее да распише тендер по донесување на одлуката за избори, тоа е законот, законот тоа го вели.“

Експертите укажуваат и на последиците од огромниот број на вработувања што се спроведуваат во предизборниот период. Од една страна континуирано правиме реформи во јавната администрација, а од друга страна постојано се огласуваат нови работни места. И овој пат без разлика на периодот на предизборието мора да се направи анализа за тоа дали постои реална потреба од нови вработувања:

„Евентуално утре, по изборите, ако победи друга политичка опција легитимно може сите тие што се примени да бидат поништени и тие луѓе да изгубат работа.“
„Би требало концепциски да се стави во контекст. Што значат тие вработувања? Дали тие се во согласност со реформите во јавната администрација, колку се тие компатибилни и реално потребни?“


истакнуваат професор Давитковски и професорот Абдулменах Беџети од факултетот на Југоисточна Европа.
XS
SM
MD
LG