Достапни линкови

Надлежните ќе обезбедат услови, ќе следуваат казни за непочитувачите на законот


Од септември годинава средното образование ќе биде задолжително.Согласно овој закон Министерството за образование и наука се обврзува на идните полуматуранти да им обезбеди просторни и кадровски услови за непречено следење на наставата.Дрита Мамути портпаролот на Министерството вели дека доколку родителите не го почитуваат овој закон ќе бидат казнети.

„Од 2008 – 2009 година, сите оние кои завршуваат основно образование, според законот се обврзани да се запишат во средно училиште. Доколку не се запишат родителите ќе бидат казнети за непочитување на законот. Од друга страна, министерството согласно тој закон ќе ги обезбеди сите просторни услови, но исто така ќе обезбеди и доволен број наставен кадар за адоволување на нивните потреби,“

посочува Мамути и додава дека со овој закон средното и основното образование ке бидат безплатни.а со тоа ке им се овозможи и на децата кои доагаат од социјално загрозени семејства да се школуваат.

„Целта на растурени паралелки е токму тоа. Да се отворат дисперзирани паралелки и во селата и со тоа семејството да не мора дополнително да плаќа за патување, па ниту министерството да плаќа за патување на учениците. Ќе се отвораат што повеќе дисперзирани паралелки во селата, за да може што поблиску да им биде училиштето и да бидат семејствата изземени од дополнителни трошоци.“

Освен овој закон кој нуди безплатно средно образование,во овој контекст и Министерството за труд и социјална политика подготвува нов закон за социјална заштита во кој сите семејства кои примаат парична помош од државата ке добиваат и додатни парични средства за децата кои ке посетуваат училишни установи.

„Во тој контекст имаме новина, условени кеш трансфери. Сите корисници на социјална помош ќе примаат додатни средства, значи сите деца веќе нема да може да бидат дома, ќе мора да посетуваат детски градинки, основно и средно образование, а затоа ќе добиваат парична помош во која ќе им бидат партиципирани трошоците за облека, храна, превоз,“

вели Душко Миновски државен секретар во Министерството за труд и социјална политика.
XS
SM
MD
LG