Достапни линкови

Министерството за земјоделство ја следи состојбата, но не планира складирање резерви


Во услови на се почесто предупредување, а во некои земји веке и видливи последици од недостатокот на храна на светско ниво, во македонското министерство за земјоделие велат дека ја следат сосотојбата, но државава засега не планира складирање на резерви. Бидејќи Македонија не е голем производител на пченица се стиумулира извозот на високо дохододовните култури што ќе овозможат преку трговска размена набавка на дефицитарните продукти. Од министерството посочуваат дека нашата стратегија за справување со ситуацијата е повик до земјоделците секоја педа слободна површина да се искористи за поголемо производство, а преку субвенциите се прават напори за поефтинување на храната.. И додека една од стратегиите на државните институции е што поголемо искористување на слободните земјоделски површини, земјоделските работници наведуваат многу проблеми кои не им овозможуваат искористување на државното земјиште. Еден од нив е земјоделецот Драги Мицковски од Прилепско:

„Никаква стратегија државата нема направено. Јас еве, прв земјоделец се регистрирав во Прилеп, прв зедов земја под закуп, сто хектари, земјата јас не ја работам, се води судски спор. Тоа е катастрофа, изгуби и државата и јас. Колку мои колеги во Прилеп неколку луѓе кои имаат земја не може да влезат да обработуваат? Судот не функционира,“

вели Мицковски. Тој со апел до државните институции да не ги казнуваат земјоделците кои што ја обработуваат слободната површина, посебно за посеви на дефицитарната пченица:

„Сите земјоделци земјата ја узурпираат и се плашат од високите казни, па не може да ораат.“

Годинава како резултат на глобалната криза за храна, македонските земјоделци забележаа висока стапка на извоз, што ја крена цената на продуктите на домашниот пазар:

„30 насто е зголемен извозот. Земјоделието оди комплетно надвор, млекото, преработката, се оди надвор. Затоа и цените се рипнати, на светскиот пазар и кај нас. Зголемен е драстично извозот,“

објаснува стопанственикот Адем Кочан воедно преставник на Сојузот на стопански комори. Експертите пак укажуваат дека државата треба да се обиде да го искористи зголемениот извоз преку подршка на одредени култури:

„Значи, оние култури за коишто државата ќе почувствува дека се во стратегијата за земјоделство и рурален развој ќе ги поддржува за уште повеќе да го зголемува доходот кај земјоделците,“

вели професорот од земјодерскиот факултет Драги Димитриевски.
XS
SM
MD
LG