Достапни линкови

Изборите нема да донесат новини во распоредот на силите во Парламентот, оценуваат аналитичарите


Пред истекот на рокот кој завршува денеска на полноќ до кој до Државната изборна комисија политичките субјекти треба да ги достават кандидатксите листи, повеќето од партиите веќе ги објавија своите листи за идни пратеници, а ги обелоденија колиционите партнери. Во коалиција ,,За Европска Македонија“ заедно со опозиционата СДСМ ќе коалицираат НСДП и ЛДП, додека владеачката ВМРО ДПМНЕ потпиша коалициски сојуз со 18 помали партии. Последните истражувања на јавното мислење пак, покажуваат најголем рејтинг од 26% за ВМРО ДПМНЕ, 12 за СДСМ, а кај албанскиот политички блок ДУИ предводи со 10 отсто, а за ДПА би гласале 7 проценти од електоратот. Висок е процентот од над 20 отсто на неопределни граѓани. За нивните гласови ќе се води битката, велат експертите, но сепак според нив не треба да се очекува некој голем изборен пресврт:

„Изборите нема да донесат ништо ново во Парламентот, и уште повеќе новини во распоредот на сили бидејќи во овој момент за да се промени односот на освоените гласови со рејтинзите треба да успеат голем дел од луѓето кои што се неопределени за време на изборите да ги ,,изнесат“ и да гласаат за нив.“

Објаснува политикологот Дане Талески. Она што ги карактеризира овие избори е тоа што за прв пат станува збор за предвремени, а нив на електоратот му се наметнува и изборот меѓу европска или изолирана Македонија, или пак клучното прашање решение за спроот со името. Ова сосема поинаку ќе ја ,,обои“ кампањата од досегашните вообичаени изборни теми, но ќе ги спречи очекувањата за големи победи или порази, коментираат експертите:

„Мислам дека нема да го избегнат воопшто, иако имаа некој договор за да не се користи прашањето за името во политичките кампањи, мислам дека тоа нема да биде испочитувано.“

„Може да се одрази тоа во резултатите на изборите, можеби не толку многу, но сепак ќе влијае врз тоа една групација да не биде доминантна при донесувањето на идните одлуки.“


Посочуваат Дане Талески и аналитичарот Хисен Рамадани. Анектите за прв пат укажуваат и на доближување на рејтинот кај поголемите албнаски партии ДУИ и ДПА, што навестува неизвесна трка. Според аналитичарот Рамадани тоа говори за активирање на албанското гласачко тело:

„Бидејќи некои ,,претумбации“ што се случија во последно време, со активностите на ДПА, на некој начин ја сензибилизираа свеста за учество на изборите кај албанците.“

истакнува Рамадани.
XS
SM
MD
LG