Достапни линкови

Заострување на политичките односи пред мајските избори


Србија вчера го потпиша Договорот за асоцијација и стабилизација со Европската Унија. Меѓутоа, според рекациите јасно говорат дека тоа дополнително ќе ги заостри напнатите политички односи пред мајските избори од кои всушност и зависи судбината и примената на првиот договор на Србија со Унијата.

Веста дека Србија потпиша Договор за асоцијација со Европската унија предизвика бурни реакции во српската јавност. Според актуелниот српски премиер Воислав Коштуница, претседателот Борис Тадиć со својот потпис не ја посрамоти Србија, туку самиот себе и новата влада и Собранието по изборите ке го поништат договорот со Брисел. Портпаролот на партијата на Коштуница, Андреа Младеновиќ за Радио Слободна Европа изјави.

„Му порачуваме на Борис Тадиќ дека неговиот потпис не е потпис на Србија туку става Јудин печат на својата коалиција на договорот со Солана. Тадиќ може да му го продаде на Солана она што е негово додека Косово не може да го продаде.“

На ист став се и српските радикали. Од друга страна, министрот за одбрана и функционер на Демократската партија, Драган Шутановац, изјави дека договорот е добра вест и најголеми бенефиции ќе имаат граѓаните на Србија. Сепак, и тој предвидува натамошни поделби меѓу политичките блокови, посебено пред мајските избори.

„Неспорно е дека оваа понуда и овој потпис ќе ја поделат Србија на оние кои се за Европа и на оние кои не се за Европа. Очекувам продолжување на валканата кампања на избориве и големи напади на анти европските сили во Србија. Ја сум убеден дека сепак мнозинството граѓани знаат колку е важен овој договор.“

Експертите во Белград велат дека ова е прв договорен однос кој Србија го направи со Европската Унија. Тој е важен чекор за иднината на земјата, можеби задоцнет според некои, но сите се согласуваат дека неговата примена и судбина зависи од тоа кој ќе победи на изборите на 11 Мај. Љубиша Рајиќ, професор на Белградскиот Универзитет, за Радиио Слободна Европа изјави.

„Овој договор уште повеке ќе го подели гласачкото тело во Србија. Српската Радикална Партија , Демократската Странка на Коштуница – Нова Србија и Социјалистичката Партија ќе го искористат договорот за напад врз секаква демократска опција. Натамошниот развој на настаните зависи од две работи. Прво, кој ќе победи на изборите и второ, дали Европската Унија ќе направи нешто со овој договор доколу навистина победат демократски ориентираните партии.“

Демократите, имено очекуваат добуивање кандидатски статус за Србија до крајот на годинава и укинување на визите за српските граѓани. Сепак, примената на договорот ќе зависи и од оценката на Саветот на министрите на Европската Унија да ли е постигната целосна соработка со Трибуналот во Хаг.
XS
SM
MD
LG