Достапни линкови

Изворот на нападот непознат, прва цел белоруската редакција


Многу од интернет страниците на јазичните сервиси кои емитуваат програма на Радио Слободна Европа беа погодени од таканаречен сајбер напад што го оневозможи пристапот до нив. Изворот на нападот се уште не е познат, освен дека прва цел беше страницата на белоруската редакција.

Нападот без преседан почна во минатата сабота и по белоруската страница, брзо се прошири и на други страници. За неколку часа осум од нив беа зафатени, вклучувајќи ја и онаа на Јужнословенските јазици. Нападот познат како одбивање сервис или ДОС ги прави веб страниците невозможни за пристап за оние што би сакале да ги посетат.

„Тоа нормално се прави со поплавување на нападната страница со лажни барања за комуницирање. Токму поради тоа, таа веќе не може да им се отвори на корисниците. Страниците на Радио Слободна Европа примаа по над пеесет илјади лажни барања за отварање во секунда.“

Вели Лук Спрингер, директор на технолошкиот тим на Радио Слободна Европа, додавајќи дека заштитата од ваквите напади е многу тешка и оти програмата за тоа мора да се бара токму во интеренет просторот кој пак е корумпиран од таканаречениот ДОС. Директорот на белорускиот сервис Алекснадар Лукашук изјави дека саботата беше посебно значаен ден во Минск, Дваесет и две годишнината од катастрофата во нуклеарната централа во Чернобил. Претседателот на Радио Слободна Европа Џеф Гедмин изрази длабоко загриженост од сајбер нападот.

„Доколку во земјите каде што ние работиме и емитуваме постоеја слободни и независни медиуми, тогаш ќе немавме причина и ние да постоиме. Советите, Белорусите, иранците во основа имаат иста крајна цел. Во слободната информација, во размената на информации и идеи гледаат кислород за граѓанското општетство. Ќе сторат се за да го прекинат.“

Сајбер нападите станаа попознати во последните години и најќесто за цел имаат владини институции или поголеми корпорации. Во мај две илјади и седмата година, естонските веб страници беа погодени од бран такви напади. За тоа Естонија ја обвини Русија, бидејќи, како што беше соопштено, официјален талин донесе одлука за релокација на еден споменик за советските војници. Москва веднаш демантира секоја вклученост.
XS
SM
MD
LG