Достапни линкови

ОДИХР и МОСТ со ист број набљудувачи како и на претходните избори


ОДИХР и граѓанската асоцијација МОСТ ќе бидат мобилизирани во истиот обем и на истото ниво за претстојните избори како што тоа го правеле на претходните. МОСТ ќе ја мониторира целокупната процедура поврзана со изборите од работата на ДИК, проверката на избирачкиот список, официјално прифаќање на кандидадтските листи и изборниот ден.

„Тоа што го имаме како искуство и методологија од минатото, а што ќе настојуваме да биде проект и во сегашниот дел за набљудување на изборите е тоа што ќе мобилизираме околу 3 500 набљудувачи кои што ги распоредуваме на околу 70-75% од избирачките места во Македонија.“

Најавува дарко Алексов, претседател на МОСТ

ОДИХР во моментов го регрутира експертскиот тим за претстојните избори во македонија. Портпаролот на ОДИХР во Варшава, Јенс Хаген Ешенбахер вели дека оваа мисија ќе ги мониторира изборите со бројка од 20 долгорочни и 250 краткорочни набљудувачи. Првите ќе пристигнат веќе во почетокот на мај, додека останатите 250 ќе бидат распоредени во различни региони низ земјава непосредно пред изборниот ден.

„Ние сега ја подготвуваме мисијата, нашите експерти ќе бидат на терен наскоро, ќе го набљудуваат изборниот процес, тоа ја вклучува изборната кампања, состојбата со медиумите, работата на администрацијата, изборниот ден, броењето и резултатите“.

Вели Ешенбахер кој потсетува дека ОДИХР еден ден по изборите ќе ги објави прелиминарните сознанија и заклучоци, а потоа на крајот од процесот неколку неделуи по изборите ќе го објави конечниот извештај.
Во текот на изборниот ден на граѓаните ќе им стојат на располагање и канцелариите на народниот правобранител во Скопје и во сите регионални канцеларии, во Тетово, Куманово, Кичево, Струмица, Штип и Битола. Од оваа институција порачуваат дека граѓаните ќе можат во текот на целиот ден да се јавуваат доколку сметаат дека им е повредено некое право, да добијат поука или да побараат интервенција. Народниот правобранител вообичаено забелешките од граѓаните гио доставува до Министерството за правда, до ДИК и во некои случаи до МВР.
XS
SM
MD
LG