Достапни линкови

Проблемот не е во избирачите Албанци, туку во партиите и лидерите, согласни експертите и партиите


По палењето на канцелариите на ДПА во Кумановско и бомбата во кука на функцинер на ДУИ во Гостиварско настани на кои им претходеа и неколку инциденти во средините населени со албанци, од пратиите велат дека пробеломот со насилтвата во предизворите но и на самите избори не е во албанскиот електорат. Гласачите излегуваат на ибори исто како што тоа го прават граѓаните на европските земји вели Рафиз Алити од Демократската унија за интеграција:

„Проблемот е кај партиските структури и кај партиските челници кои треба да даваат јасни инструкции на своите дека не смее да прават никакви инциденти.“

Со сличен став и претседателот на ПДП Абулади Вејсели кој потесека дека албанците гласаат на избори од деведестите години и досега имаат изградено политичка култура. И семејното гласање вели Вејсели би се избегнало доколку челниците на партиите имаат поинаков однос кон изборите

„Ако нема националистички однесувања, семејното гласање се елиминира. Советот на избирачкиот одбор не треба да им дава да гласаат спротивно на законот.“

Вината за насилставта и другите нерегуларности во парттите ја лоцира и Хисни Шакири од национална демократска партија

„Во партиите се вклучија луѓе со криминални досиеја, тука во прашање се пари и други работи спротивни со демократските процеси.“

Алити, Вејсели и Шакири сепак вината за односот на политичките партии од албанкиот политички блок и по осумнаесет години демократија ја лоцираат во државата. Таа треба да ги санкцинира прекршетиле на иборниот процес и со тоа да даде јасен сигнал дека нема да толерира нерегуларности велат тие.вОд ДПА пак не успеавме да обезбедиме никаков комнентар за овие случувања.

Дека проблемот не е во гласачите туку во партиите и државата смета и универзитетскиот професор Осман Кадриу. Зборувајќи за менталитетот на албанските гласачи тој потестува дека последните избори во Албанија и Косово од страна на меѓународната зедница беа оценети како фер и демократски

„Можеме да зборуваме и за недостаток на политичка култура, партиски реваншизми, за по секоја цена да се освои власта.“

Амбасадорите на САД, ЕУ ОБСЕ во земјава уште пред десетина дена ги повикаа партиите да обезбедат словбдони фер и мирни избори.
XS
SM
MD
LG