Достапни линкови

Моја лична амбиција е Македонија да влезе во НАТО


Можете да гледате назад со лутина кон она што се случи на самитиот во Букурешт или да погледнете напред. Со ваква порака генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Схефер се обрати пред македонската јавност. Иако го разбирам чувство на горчина и разочарување кај вас по самитот, тоа нема да ви помогне, рече Схефер.

„Би сакал да видам дека на 9 јули, кога Албанија и Хрватска ќе ги потпишат пристапните преговори за НАТО, ќе имаме и трета земја, а тоа е вашата на масата на НАТО. Затоа да ја искористиме можноста која ја имаме дотогаш да видиме дали може да се најде решение за името. Јас не можам да бидам инструмент во овој процес, но доколку можам да помогнам, ќе помогнам,“

изјави Схефер

Тој изрази надеж дека парламентарните избори ќе бидат слободни и фер и дека новоизбраната влада ќе биде способна да ги продолжи преговорите за ова како што рече важно прашање.

Потенцирајќи дека целта на неговата посета е да се види како може да се забрза преговарачкиот процес, Схефер изјави дека е оптимист дека може да се дојде до решение.

„Моја лична амбиција е да ја видам вашата земја во НАТО. Мислам дека евроатлантските интеграции се клучни за безбедноста и стабилноста во овој регион и ќе направам се штио е во моја моќ да ја остварам оваа амбиција,“

рече Схефер.

Интензивирање на динамиката на преговарачкиот процес беше цел и на минатонеделната посета на специјалниот пратеник на ОН, Метју Нимиц. Тој не донесе нов предлог но изрази надеж дека е можно брзо решавање на проблемот.

Пред тоа во Скопје дојде и американската амбасадорка во НАТО, Викторија Нуланд која порача дека проблемот треба да се реши во следните денови и недели.
На самитот на НАТО во Букурешт, Македонија не ја доби поканата за прием, откако Грција се спротистави на нашето зачленување.
XS
SM
MD
LG