Достапни линкови

Во МВР и косовската полиција велат состојбата е мирна, но тензична


Состојбата во пограничниот регион со Косово е мирна, а полицијата редовно патролира, вели портпаролот на МВР Иво Котевски по најавите дека селаните во косовско Дебалде како што пренесоа медумите, се подготвуваат и со оружје да ги бранат своите имоти.

„Според размената на информациите со другите безбедносни служби, јасно е дека има поединци и групи на кои не им одговора владеење на правото на целата територија.“

вели Котевски и доддава дека засега не планираат поголема акција туку ги координараат своите акции со кососвките колеги. И од косовската полиција велат дека знаат дека состојбата во пограничното село Дебалде е тензична, но засега немаат регистрирано вооружени лица. портпаролот на косовската полицја Ветон Елшани сепак не ги демнатираше пишувањата во медиумите за присутсво на вооружени лица во пограничните села:

„Не јас не викам дека не се точни, но на наша страна не сме регистрирале некои вооружени групи. Јас не тврдам дека тие не биле тука, но сега сме присутни во голем број и не сме забележале некои проблеми.“

вели Елшани и додава дека засега и тие не планираат да спроведат некоја поголема акција а во регионот се присутни и едници на КФОР кои патролираат и со хеликоптер. По тензиите кои што се јавија во пограничниот регион поради потпишувањето на спогодба за демаркација на граница според палнот на Ахтисари, викендов пукотници и во Тетово каде што вооружени лица стрелаа кон кафе бар во градот. Денеска од општината не коментираа дали тензиите се зголемени туку само се повикаа на изјавата на градночалникот Хазби Лика кој вчера побара од полицијата што е можно побрзо да ги открие напагачите. Од МВР пак велат дека сеуште немаат конкретни информации:

„За жал некои нови релевантни информации околу идентитетот на сторителите и мотивите нема, бидејќи исклучително е тешко во вакви моменти, кога соработката со оштетените лица не е на некое високо ниво. “

вели портпаролот Иво Котевски.
Гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта пак вели дека во нивниот град засега и покрај стравувањата за предизборни тензии е мирно:

„Во Гостивар никогаш немало инциденти. Ако сака власта и МВР може да направат инциденти, но од граѓаните никогаш немало инциденти.“

Вели Бејта.
XS
SM
MD
LG