Достапни линкови

Зголемен ризик и ревидирање на внатрешната и надворешната политика, очекуваат аналитичарите


Што поскоро Македонија мора да го реши проблемот со името со соседна Грција, за да го фати чекорот со Хрватска и Албанија и да ја добие поканата за членството во НАТО, која поради овој спор се одложи, се укажувањата кои доаѓаат и од дел од експерскта јавност во земјава, но и од меѓународната заедница. Во спротивно земјава барем за извесно време останува без посакуваното членство во Алијансата. Нови ризици, потикнување на радикалните структури во регионот, се можните проблеми со кои би се соочила земјава, вели професорот Трајан Гоцевски:

„Се добива многу лоша порака за регионот. Имено, демократските сили кои се креираат веќе 20 години, ќе изгубат на значење, ќе дојдат на значење порадикални струи и во сферата на политиката, и паравоени и парамилитантни структури и тие ќе почнат да добиваат повеќе на значење.“

Професор Гоцевски смета дека сепак не постои можност за поширока дестабилизација во регионот:

„Доколку нас самите на Балканот не остават да ги решаваме проблемите можно е и тоа да се случи. Но, јас се надевам дека целиот регион е под засилен мониторинг. Сериозни се ставовите на ЕУ, САД и НАТО за стабилизација на регионот и ако тоа е искрено не би требало до посериозни нарушувања на безбедноста.“

И аналитичарот Ризван Слулејмани на став дека земјава ќе мора да ја редифинира својата политика на надворешен план и да се бараат поинакви безбедносни гаранции:

„Ќе треба да се бара нов начин како да се гарантираат границите на Македонија со мултиратерални и билатерални договори.“

Според Сулејмани освен на надворешен, она што ќе се појави како проблем на внатрешен план доколку Македонија остане надвор од НАТО, е потребата за договор меѓу двете најголеми заедници македонската и албанската, кои во голем дел го подржуваат членството во Алијансата во земјата, односно како да се задоволат нивните барања.

„Тоа по дефиниција, тие граѓани ќе бараат начин да се изедначат со другите околу нив. Дали Република Македонија може да си дозволи да не може да продуцира таква благосостојба како другите земји членки на НАТО и ЕУ околу нас.“

истакнува Сулејмани.
XS
SM
MD
LG