Достапни линкови

Пропадна планот за отварање на таков случај во Трибуналот


Обвинителството на Хашкиот трибунал не открило докази за трговија со човечки органи на Косово. Затоа, како што е соопштено во Хаг, не може да биде отворен таков случај пред Трибуналот. Со тоа беа демантирани тврдењата на поранешната главна хашка обвинителка Карла Дел Понте која во својата книга наведува дека албанските раководители на Косово биле вмешани во трговија со органи на српски затвореници на Косово. Тоа во разговорот за Радио Слободна Европа го тврди и Чак Судетиќ, еден од коавторите на книгата на Дел Понте, „Лов, воени злосторници и јас.“

Судот за воени злосторства во поранешна Југославија соопшти дека неговите истражни органи не биле во можност да ги докажат тврдењата дека герилци на етнички Албанци во Косово шверцувале органи на десетици Срби, кои што тие ги грабнале и убиле во текот на судирот во доцните деведесетти години.
Тврдењата беа објавени во книгата на Карла дел Понте, чиј мандат како главен обвинител на Судот заврши лани, по осум години минати на оваа функција.

Жестоките реакции во регионот ги испровоцира верзијата на книгата која очигледно е украдена и затоа не знам што во таа верзија пишува. Можам да ви кажам што во книгата навистина стои.

Вели за Радио Слободна Европа, коавторот на книгата на дел Понте, публицистот Чак Судетиќ, додавајќи дека често пати новинарите кои биле во воените зони во поранешна Југославија слушале приказни за одземање на човечки органи.

Во овој случај новинарите дојдоа до информации за киднапирани срби од Косово во периодот по влегувањето на НАТО силите во јуни девдесет и деветата година и за нивна транспортација во Албанија. Нивниот број бил меѓу сто и триста луѓе. Некои од нив биле жртви на криумчарење со органи. Можно е да станува збор за неколку десетици. Значи не е точно дека имало неколку стотици.

Од повеќе интервјуа и извори се дошло до една убедлива слика дека оваа наводна активност се случила во една куќа во Бурела во Албанија, по што новинарите ја информирале мисијата на Обединетите нации на Косово, која пак го информира Хашкото обвинитилство:

Во две илјади и третата новинарите заедно со истражителите од УНМИК и Трибуналот, како и албански обвинител ја посетиле куќата во Бурела во која биле најдени траги на крв и опрема карактеристична за хируришки операции. Но, во разговор со жителите било речено дека тука биле колени животни, односно дека се породувала некоја жена.

Наведува Судетиќ, додавајќи дека техологијата што се користела врз трагите од крв не била во состојба да покаже дали станувало збор за човечка крв или не.

Меѓународниот кривичен суд не ја продолжи истрагата на тој случај од две многу конкретни причини. Трибуналот можеше да истражува само злосторства кои се случуиле за време на конфликтот на Косово, а не и по доаѓањето на НАТО силите таму. Втората е е тоа што новинарите не сакаа да ги откријат своите извори.

Вели публицистот Чак Судетиќ во разговорот за Радио Слободна Европа.
XS
SM
MD
LG