Достапни линкови

Едни бројки на хартија, други во реалноста, согласни анти корупционерите


Иако партиите формално ги пополниле извештаите за потрошени пари за време на кампањите сепак направените анализи го покажуваат спротивното вели Мирјана Димовска претседателка на Државната антикорупциска комисија

„Има разлика меѓу реално потрошените пари и тоа за што известуваат. Затоа, оценката е објективна дека не се прикажуваат реално потрошените средства,“

вели Димовска и додава дека државната комисија за спречување на корупција има утврдено оперативен план за своето дејствување во целиот изборен период.

„Во текот на изборниот период не можат да се користат буџетски средства на Република Македонија, на општините и на градот Скопје, како и средства од јавни фондови, јавните претпријатија, јавните установи или правните лица што располагаат со државен капитал, освен средствата со кои согласно со закон се финансираат изборните кампањи за партиите.“

Од Државниот завод за ревизија,повикувајки се на кодексот на врховните ревизорски институции несмеат да ги коментираат конечните ревизорски извештаи.

„Транспарентноста на државниот завод за ревизија се изразува преку извештаите за работата на партиите и секоја заинтересирана странка, секој граѓанин, секоја институција може на официјалниот веб сајт да има увид на извештаите,“

вели Мијалче Дургутов портпарол на државниот завод за ревизија

Тајните спонзори кои стојат зад политичките изборни кампањи се проблемот за ваквата појава посочува Слаѓана Тасева претседателката на “Транспарентност - нулта корупција“

„Доколку би имале поголема транспарентност која во моментов ја немаме воопшто за финансирање на изборните кампањи, да се знае колку средства се слеваат на сметките и од кого.“

вели Тасева и додава дека според законот партиите смеат да потрошат по 60 денари за секој запишан гласач во изборната единица каде што предложиле кандидати или околу милион и седумстотини илјади евра

„Ние сме правеле поголем број анализи од ваков тип. Се гледа многу голема разлика,“

посочува Тасева.
XS
SM
MD
LG