Достапни линкови

Вчера вечер средба Црвенковски - Груевски


Пред неколку часа Претседателот на собранието Љубиша Георгиевски ја прекина 114-тата седница со раправата по Предлогот текстот на иницијативата за предвремени избори. Седницата ке продолжи денеска во 11 часот и 30 минути, а е предвидено да заврши до 18 часот. На ова седница вчера свое обракање имаше и претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски кој порача дека ова не е момент за одржување на предвремени избори. Веднаш по неговотообракање, премиерот Никола Груевски одржа средба со него.

„Побарав да се сретнам со него, за да го охрабрам, дека сите заедно, независно што вечерва ќе се случи во парламентот, дали ќе се изгласа или нема да се изгласа распуштање на парламентот и распишување предвремени парламентарни избори. Дека сите заедно, ние, јас лично Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ, Владата, експертите во Македонија, сите оние коишто може да и помогнат на Македонија, граѓаните на Македонија ќе продолжиме да се бориме за НАТО агендата, за агендата на ЕУ, да направиме се што е добро за нашата држава,“

изјави Груевски по синоќешната итна средба со Црвенковски.
XS
SM
MD
LG