Достапни линкови

Предвремените избори да не одземат многу време за да се продолжи со реформите


Предвремените избори да не одземе многу време, за да може да се продолжи со реформите, порача денеска ервоамбасадорот во земјава Ерван Фуере. Одлуката за можни предвремени избори целосно е во рацете на Парламентот, но она што ние од страна на Европската унија би го порачале е да се запази времето бидејќи е потребно за спроведување на реформите кои се неопходни за пристапување на земјата кон Европската унија, изјави Фуере. Тој пак вчера порача дека целата енергија на државните институции, политичките лидери, невладиниот сектор и бизнис групите во моментов треба да се насочи кон остварување на реформите што ќе овозможат економски просперитет.
XS
SM
MD
LG