Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ и ДПА ја прифатија иницијативата на ДУИ за предвремени парламентарни избори


Главните владеачки партии ВМРО ДПМНЕ и ДПА сооопштија дека ја прифаќаат иницијативата на ДУИ за предвремени избори. Членот на раководството на ВМРО ДПМНЕ и актуелен министер за надворешни работи Антонио Милошоски, како и лидерот на ДПА Мендух Тачи изјавија:

„Во овој момент во однос на сите најнови развои на настаните, и во однос на спорот кој Грција го има со нас, и по однос на евроатлантските интеграции и по однос на парламентарната неефикасност, нема подобро решение од тоа, нацијата да оди на предвремени избори. Истовремено тоа незначи дека предвремените избори го исклучуваат процесот кој го води г-динот Нимиц.“

„Кога некој макотрпно ти бара мегдан, треба да му овозможиш, да се измериме на тој мегдан. Значи одиме на избори.“


Рекоа Милошоски и Тачи. Иницијаторот за предвремените избори, ДУИ ја поздрави позитивната одлука на власта за нивното барање:

„Затоа што само по овој пат на Македонија можеме да и обезбедиме функционални и одржливи институции.“

потенцираше потретседателот на ДУИ Џевад Адеми.
Во очекување на собраниската седница, најголемата опозициона партија СДСМ повтори дека е против предвремени избори во овие пресудни моменти:

„По две години ВМРО ДПМНЕ заборави на своите ветувања, и сега сака да избега од најголемата одговорност во клучниот одлучувачки момент за Република Македонија.“

Изјави лидерот на СДСМ Радмила Шеќеринска.
Против идејата за избори се изјаснија и досегашните коалицини партнери во владата, претходно НСДП, а последно и Либералната партија. Стојан Андов претседател на ЛП сепак посочи дека иако ќе гласаат против - предвремените избори незначат застој на битните процеси за државата:

„Што се однесува до спорот со Грција, апсолутно е можно тоа да се реши во ова време, со ангажирање на претседателот и неговите уставни капацитети.“

рече Андов. Претседателот на државата Бранко Црвенковски пак во соопштението до јавноста по средбите со меѓународните претставници, истакнува дека треба да се искористи подршката што и се дава на Македонија за добивање покана за НАТО и преговори со ЕУ, оценувајќи дека при тоа развојот на ситуацијата во земјава не оди во прилог на обезбедување на таков амбиент. Во меѓувреме американскиот амбасадор во НАТО Викторија Нуланд при посетата на Скопје истакна дека проблемот со името треба да се реши за денови и недели, а не за месеци, а високиот претставник на Европската Унија Штефан Лене на средбата со претседателот Црвенковски посочил дека Македонија треба да ги одреди приоритетите и изразил сомневање дека иницијативите за вонредни парламентарни избори може да ги пролонгираат евроатлантските процеси на земјата.
XS
SM
MD
LG