Достапни линкови

Мерките за економски развој на владата директно стимулираат инфлација, оценка на експертите


За да се намали инфлацијата во државава Меѓународниот монетарен фонд и препорача на Владата на Македонија повеке да не троши пари од буџетот и да ја зголеми цената на струјата.Овие препораки бизнисмените и економистите ги оценуваат како позитивни.
Бизнисменот Зоре Темелковски вели дека досега македонските извозно ориентирани компании овде цената на струјата ја плакале по мниогу пониска цена за разлика од цената која ја плакале во европските земји.

„Тоа се барања од институции кои не знаат за привилегирани економии да дискутираат и локални економии. До сега зборувавме за една привилегирана економија и социјални лидери, од типот на менаџери, претприемачи коишто прават бизнис во светски рамки, со берзански артикли и сакаат да имаат привилегирана струја, тоа не се признава затоа што Европа се штити од нелојална конкуренција.“

Професорот Зоран Ивановски посочува дека препораките на ММФ се економски оправдани,бидејки како што вели тој,само на тој начин може да се спречи дивеењето на инфлацијата.

„Последните мерки на владата за поттикнување на економскиот развој директно придонесуваат за подгревање на инфлацијата во Македонија. Мерките за намалување на јавните расходи, или на трошењето во државата се со цел да се намали инфлацијата. Реков дека успешна анти инфлаторна политика имате само кога имате координација на монетарната и фискалната политика.“

Наспроти пак мислењето на Темелковски и Ивановски,од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека овие препораки негативно ке се одразат врз стандардот на граѓаните.

„Досегашното стампедо на цените веќе значително влијаат врз намалување на стандардот и плус има предлог од ММФ да не се зголемуваат платите. Тоа што беше најавено од Владата, три пати годишно, десет насто се плашам дека вработените нема да може да го земат, затоа што ММФ притиска да нема зголемување на платите, а со тоа да се стабилизира инфлацијата,“

вели Милан Мановски секретар на секторт за економско социјално истражување.
XS
SM
MD
LG