Достапни линкови

Потпирањето на една земја не е доволно, потребни се внатрешни реформи, оценува Димитар Мирчев


По вчерашните средби на премиерот Никола Груевски со лидерите на најголемите политички партии, а во обид да се изнајде нова стратегија за прашањето за името денеска продолжуваат консултациите со експертите. Дипломатски извори посочуваат дека средбите се всушност првата фаза од овој политички процес кој треба да ги опфати сите политички чинители во земјава. Сепак тие посочуваат дека натамошниот тек на процесот, ќе зависи од тоа дали ќе има предвремени избори. Доколку иницијативата на ДУИ за распуштање на парламентот ја поддржи најголемата владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ, што пак би значело предвремени избори, преговарачкиот процес околу името би се стопирал се додека народот не ги избере политички легитимните претставници, посочуваат дипломатите.
Од владата без конкретен одговор дали постојат дефинирани опции за тоа како Македонија ќе се постави понатаму, а во контекст на нејзините евроинтеграции

„Нужно е да имаме пошироко, покомпозитно, сестрано, согледување на нештата. Тука не зборуваме за дневна политика, од денес за утре, туку за пошироки нешта и за еден национален одговор на тоа што ни се случи во Букурешт. “

изјави портпаролот Ивица Боцевски

И експертите се согласуваат дека Македонија не треба да губи време околу редефинирањето на својата позиција во однос на спорот со името, но преговорите треба да ги продолжи со конструктивен однос

„Ќе треба нешто да менуваме во нашата стратегија, затоа што очигледно е дека потпирањето само на една пријателска земја не беше доволно да влеземе во НАТО. Мое мислење е дека стратегијата сега треба да биде порадикална и тоа во смисла на реформите во земјата,“

изјави проф. Димитар Мирчев од Факултетот за општествени науки

Шпекулациите дека за албанскиот политички блок е профатливо името Република Нова Македонија, според Мирчев нема да влијаат на натамошниот преговаралчки процес.

„Не верувам дека тие ќе инсистираат на некое големо влијание, ниту можат да остварат големо влијание. Се е во рамките на Собранискиот систем,“

Во меѓувреме, грчкиот државен врв веќе ги почна консултациите за нова стратегија за името и изрази надеж дека доколку другата страна покаже конструктивност би можело да се дојде до решение.
XS
SM
MD
LG