Достапни линкови

Полицијата да се бори против нелегалното оружје присутно во огромни количини во Македонија


По вчерашното откривање на нелегалното оружје од страна на полицијата во близина на Танушевци упатените велат дека не очекуваат пруството на голема количина оружје кај нас да преставува опаснот сега откако земјава не јка дови поканата за членство во НАТО. Проценските на претседателот на нациналната асоцијација за оружје Владимир Пандовски се дека во земјава има околу 100 илјади парќиња нелегално огнено оружје

„Меѓутоа, се појавуваат и разни други типови оружје, како минско експлозивни средства, парчиња на муниција итн коишто претставуваат опасност за граѓаните.“

Сепак вели Пандовски најголемиот дел од нелегланото оружје кај нас е внесено во деведесетите години по распадот на воениот систем во Албанија. Со слично мислење е и универзитетскиот професор Владимир Пивоваров. Според него тоа преставува опаснот бидејки како што вели разни криминални групации во секое време може да го искорисат за дестабилизација на државава:

„Значи, ова количество оружје не можеме да го поврземе само со овој период на НАТО. Но, државата треба перманентно да работи, сите вакви бункери, зашто сериозно има огромно количество оружје останато. Дел е употребен, дел е откриен, но уште поголем дел е останат, и претставува сериозен проблем не само за овој момент, туку и за во иднина,“

вели Пивоваров и додава дека очекува и во иднина полицијата да пронаога нелегално оружје затоа што претпоставките се дека старите бункери се ископати плитко и сега излегуваат на површина.

„На шест – седум месеци излегува ваков бункер.“

И по исхопдот од Самитот во Букурешт нелегалното оружје во земјва нема да се искористи за дестабилизација смета Потпреседателот на евро атланскиот клуб на Македонија Исмет Рамадани

„Самиот факт што Косово стана Република, односно независна држава и Албанија веќе е во НАТО, мислам дека со тоа се намалуваат шансите за дестабилизација на Република Македонија.“

Според Рамадани особено важно за стабилноста е и очекуваното потшишувањер на воено технички договор со Соединтети Американски држави.
XS
SM
MD
LG