Достапни линкови

Зголемување на конкурентноста на македонските производи на глобалниот пазар


АгБиз Програмата која е еден од поновите проекти на Американската агенција за меѓународен развој УСАИД, има за цел да го зголеми економскиот раст во Македонија преку проширено и еколошки одржливо производство и продажба на земјоделски производи со додадена вредност, оспособувајќи ги производителите и преработувачите да се конкурентни на регионално и глобално ниво.

„Целите на АгБиз програмата во Македонија е да се зајакнат врските меѓу производителите, преработувачите и трговците. Да се унапреди работењето и конкурентноста на фирмите долж целиот синџир на додадена вредност во агро бизнисот, како и да се остваруваат поголеми приходи и да се отвораат можности за нови вработувања.“

вели Наташа Станковиќ од УСАИД и додава дека компаниите кои сакаат да учествуваат во АгБиз програмата треба да исполнат неколку критериуми.

Таа исто така додава дека овој четиригодишен проект е фокусиран на фирмите кои се занимаваат со преработен и свеж зеленчук, собирани плодови, флаширано вино и трпезно грозје и дека на овие компании ова програма им обезбедува финансиска и техничка поддршка.

„Организираме работилници кои се однесуваат на потреба на корисници со цел да се соберат на едно место.“

Јани Богевски, менаџер на една винарска визба посочува дека обуките кои се организирани од страна на АгБиз им овозможуваат на компаниите да остварат бизнис партнери.

„За прв пат имаме покомплетна презентација на македонските вина. Имаше многу добри контакти со дистрибутери од Германија, се надеваме дека во иднина ќе има и подобар бизнис за нас,“

вели Богевски.
XS
SM
MD
LG