Владата сега по неуспешниот исход во Букурешт е во покомплицирана позиција за решавање на барањата кои до неа ги испорачува албанскиот политички фактор, а кои главно се однесуваат на законот за јазиците, социјален пакет за поранешните борци од ОНА, правична застапеност во администрацијата, прашањето за Косово. Но за нив ќе мора да се најде решение, коментираат домашните експерти откако по завршувањето на самитот на НАТО, албанските политички партии повторно ги актуелизираа овие прашања:
„Доколку ја добиевме поканата за НАТО можеше да се очекува поголема внатрешна стабилност и кохезија и полесно ќе беше да се решат овие прашања, но сега постои една тензичност бидејќи незнаеме како ќе продолжиме со динамиката на интеграцијата во ЕУ и НАТО, но она што е на домашна агенда, што мора да се одработи, мора да се одработи.“
Смета политикологот Дане Талески. Инаку за нерешните прашања на кои инсистира албанскиот фактор денеска се најавува формирање на работните групи меѓу владеачката ВМРО ДПМНЕ и ДПА, а исти такви преговори власта води и со ДУИ. Талески посочува дека дополнително позицијата на власта за решение на барањата е отежната, бидејќи како што вели, таа се „заплетка“ во преговори со двете страни:
„Многу е интересно и преседан е барањето на ВМРО ДПМНЕ да ги решава тие прашања со двете партии на албанците.“
Посочува Талески. Аналитичарот Хисен Рамадани на мислење дека овие прашања мора да се решат еднаш за секогаш. Бидејќи тоа се ставови вели тој со кои албанскиот политички фактор излегуваше на избори:
„И тие немаат каде. Како ќе дојдат одат на следните избори, а од нив ништо барем ориентационо не е поставено.“
Вели Рамадани.
Во врска со барањето на албанските партии за признавањето на Косово, во владата велат дека нема промена во ставот и дека признавањето ќе биде согласно државните интереси, експертите пак на став дека ова прашање треба да се реши во интерес на двете страни:
„Демаркацијата на границата е прашање од кое што косовската страна неможе никако да избега исто како што нашето признавањето на нивната независност нема уште долго да се одолговлекува.“
„Една четвртина од населението, е на некој начин секој ден е малку погодено поради тоа што Македонија доцни со тој проблем.“
Посочуваат Талески и Рамадани.