Достапни линкови

Грција е категорична во својот став и мора да го блокира приемот на Македонија


„Грција е категорична во својот став и уште еднаш застана на ставот дека мора да го блокира приемот на Македонија во НАТО,“

изјави вечерва Џејмс Апатуријан, портпарол на НАТО по работната вечера на лидерите на земјите членки.

„Покана да станат членки на алијансата утре ќе добијат Хрватска и Албанија, а приемот на Македонија се одложува до моментот на решавањето на проблемот со името,“

рече Апатуријан.

Тој додаде дека нема најави дека некои земји членки, заради оваа постапка на Грција, ќе го блокираат приемот на Хрватска и Албанија. Постоеја најави дека до вакво нешто може да дојде од страна на Турција во однос на Хрватска како одговор на постапката на Грција кон Македонија.

Вечерва продолжуваат дипломатските активности во пресрет на утрешната работна сесија на Самитот. Неофицијално, најавени се средби на грчкиот премиер Костас Караманлис со американскиот претседател Џорџ Буш и британскиот премиер Гордон Браун.
XS
SM
MD
LG